Турски печат 29.09.2021

Еве ги позначајните вести за кои пишуваат весниците во своите денешни изданија во Турција

1711911
Турски печат 29.09.2021

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Порака од Ердоган за Турковак: Ќе преминеме кон сериско производство“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во испратената видео порака до „Глобалниот самит Ковид-19“ го истакна следното: „Со нашата масовна национална програма за вакцинација се доближивме многу до целта од 70-отсто во процентот на вакцинација со втора доза кај нашето население над 18 годишна возраст. Освен тоа, во најскоро време ќе започнеме со сериско производство на Турковак и на нашите други кандидати за национална вакцина коишто ќе му ги ставиме во услуга на целото човештво.“

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Претседателот Ердоган и Бајден ќе се состанат во Рим“, информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе оствари средба лице в лице со американскиот претседател Џо Бајден на Лидерскиот самит на Г-20 што ќе се одржи на 30 и 31 октомври во главниот град на Италија, Рим.   

„Светот чека на ред за нашите оружја“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Јени Шафак“, кадешто им се одделува место на изјавите на генералниот директор на РОКЕТСАН Мурат Икинџи кој истакна дека голем број земји чекаат ред за да ги купат производите на одбранбената индустрија на Турција кои се произведуваат со национални можности. Мурат Икинџи го рече следното: „Успехот на нашите оружја на теренот ја зголемува заинтересираноста на земјите. Се зголемува уделот на Турција на пазарот за одбранбена индустрија.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Турски белег во Африка! Видоа што сѐ би можеле да направиме“, истакнува дека љубителите на фудбалот се восхитени од стадионот „Дуала Жапома“ изграден од страна на турските изведувачи во градот Доала, економската престолнина на Камерун. Тахсин Туфан Серџан, директорот за проекти во Африка на градежната компанија, истакна дека постојано добиваат пофалби од функционерите на Камерун, Светската фудбалска федерација (ФИФА) и од Африканската фудбалска федерација (CAF). Серџан рече: „Камерунците видоа што сѐ може да направат турските изведувачи.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Нова прогноза за раст од Стандард енд Пурс во врска со Турција“, пишува дека Меѓународната агенција за оценка на кредитниот рејтинг „Стандард енд Пурс“ (Standard & Poor’s „S&P“) прогнозата за економски раст на Турција за 2021 од 6,1 отсто ја покачи на 8,6 отсто.

 



Слични вести