Турски печат 24.09.2021

Еве ги позначајните вести за кои пишуваат весниците во своите денешни изданија во Турција

1709934
Турски печат 24.09.2021

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Порака од Ердоган за С-400 и Ф-35: Ако затреба ќе купиме од друго место“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на враќање од Соединетите Американски Држави (САД) во земјата одговараше на прашањата на новинарите во авионот, при што даде јасни пораки по прашањето на купените противвоздушно-одбранбени системи С-400 од Русија и борбените авиони Ф-35. Велејќи дека неприфатливо е тоа што САД под изговор на С-400 не и ги дава на Турција авионите Ф-35 и се обидуваат да ја присилат на нешто, претседателот Ердоган рече: „За нас работата со С-400 е завршена. И не е можно да отстапиме оттука. Ако затреба (Ф-35) ќе ги купиме од друго место и ќе почнеме да произведуваме.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Добра вест од Турковак“, информира дека е дојдено при крај во третата фаза од испитувањата во домашната вакцина на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) „Турковак“. Кај вакцината којашто е тестирана врз приближно 1.500 доброволци не се забележани никакви нуспојави.

„Турција успеа да го направи тоа! Го прават мал број земји во светот“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Ватан“, кадешто се истакнува дека турската компанија А.Д. Инженерство и трговија за одбранбени технологии (Savunma Teknolojileri Mühendislik ve Ticaret A.Ş. „STM“) за прв пат го произведе во Турција делот од чаурата на торпидо за подморници и го предаде на Командата на бродоградилиштето во Ѓолџук. Директорот за усовршување на компанијата „STM“ Едип Дениз во врска со ова го истакна следното: „Во Турција е доведен во состојба на домашно производство целосно под координација и инженерство на ‘STM’. Има многу мал број земји кои можат да го направат тоа и поминавме значаен критичен праг и во овој проект.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Дочек со локум за првата британска туристичка група по ограничувањето за патување“, информира дека по изјавата на британскиот министер за транспорт Хон Грант Шапс дека од 22 септември Турција е извадена од црвениот список и е внесена меѓу земјите во кои може да се патува, првата британска туристичка група составена од 129 лица која пристигна во Даламан кај Мугла, на аеродромот беше пречекана со турскиот деликатес локум.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „ Голема соработка од Туркиш Ерлајнс“, пишува дека помеѓу Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) и „Финер“ едниот од водечките авиопревозници на Финска е потпишан договор за реализирање на заеднички летови. Благодарение на ова партнерство зајакнето со договорот за споделување кодови „Туркиш Ерлајнс“ и „Финер“ ќе можат да ги додадат своите кодови на летот Истанбул-Хелсинки што ќе започне во прва етапа.

 



Слични вести