Турски печат 23.09.2021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1709908
Турски печат 23.09.2021

 

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „САД нека одговорат за 20 години“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган даде интервју за американската телевизија Си-Би-Ес. Изјавувајќи дека САД треба да преземат поголема одговорност за авганистанските бегалци, Ердоган рече: „Зошто САД се таму 20 години, прво мора да одговори на ова прашање“.

Новинскиот портал „Хабер Турк“ во веста под наслов „Повикот на Чавушоглу до светот за Авганистан и Аракан“ истакнува дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, на состанокот на министрите за надворешни работи на Г-20 за Авганистан ја упати пораката: „Меѓународната заедница треба да го продолжи својот ангажман со Авганистан“. Говорејќи на онлајн состанокот за состојбата на муслиманите во Аракан во рамките на 76-то Генерално собрание на Обединетите нации, Чавушоглу рече: „Никогаш нема да ги оставиме муслиманите Рохинџа на нивната судбина“.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Турција и САД ќе одржуваат близок контакт“ истакнува дека портпаролот на претседателството Ибрахим Калин се состана со советникот за национална безбедност на Соединетите Американски Држави (САД) Џејк Саливан во Белата куќа. На средбата беа разменети мислења за билатералните односи, новиот тип на коронавирус (Ковид-19) и глобалните климатски промени, како и Авганистан, Сирија, Ирак, Либија, Кипар, Источен Медитеран и други регионални случувања.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Претседателот на ТРСК Татар рече дека претседателот  Ердоган стана нашиот глас во ОН“ ја објавува изјавата на претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар, во врска со пораките на претседателот Реџеп Тајип Ердоган за Кипар кои ги упари на 76-то Генерално собрание на Обединетите нации. Претседателот Ердоган беше нашиот глас и сила, повикувајќи ја меѓународната заедница за ова прашање“. Татар изјави дека единствениот начин за решавање на кипарското прашање е еднаков суверенитет.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Вооруженото беспилотно летало (ВБЛ) Бајрактар ​​ТБ3 својот прв лет ќе го оствари во 2022 година, ја објавува изјавата на Претседателот на Управниот одбор на ТЕКНОФЕСТ Селчук Бајрактар ​​кој рече дека вооруженото беспилотно летало Бајрактар ​​ТБ3 со преклопени крила, кое располага со капацитет за слетување и полетување со краток дострел и кое може да патува илјадници километри со сателитска контрола, својот прв лет ќе го реализира во 2022 година. Селчук Бајрактар ​​рече: „Ние исто така ги развиваме нашите борбени авиони без екипаж, кон кои се насочи целиот свет“ и го привлече вниманието на фактот дека тие развиле роботски беспилотни летала и овие проекти ги опишаа како револуција.



Слични вести