Турски печат 17.09.2021

Еве ги позначајните вести за кои пишуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1707046
Турски печат 17.09.2021

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Изјави од претседателот Ердоган“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во дадената изјава вчера, го рече следното: „До највисоките бројки на раст во светот достигнавме ние. Во извозот едно по друго соборуваме рекорди. Извозот се искачи дури и над предепидемискиот период (на Ковид-19).“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Туркиш ерлајнс меѓу најдобрите во светот“, информира дека според спроведеното анкетирање со гласовите на читателите на списанието „Travel + Leisure“, Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш ерлајнс) е прикажана меѓу најдобрите 10 авиокомпании во светот.

„Извозот на свежо грозје на Турција со раст од 22 отсто“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Сабах“, кадешто се истакнува дека извозот на свежо грозје на Турција во периодот од 1 јануари до 14 септември, во споредба со истиот период минатата година, оствари раст од 22 отсто. Според објавеното соопштение од Униите на извозниците од егејската област, од остварениот извоз на свежо грозје во периодот од 1 јануари до 14 септември 2020 година беа заработени 63 милиони долари, додека во истиот период годинава (2021) овој извоз со раст од 22 отсто е зголемен на 77 милиони долари.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Изјава од САД: Турција води напори заедно со Катар“, информира дека како што изјави портпаролот на американскиот државен секретаријат Нед Прајс, Турција и Катар вложуваат напори освен чартер летовите од Аеродромот во Кабул да бидат започнати и редовните летови.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „ Галатасарај 1 - Лацио 0“, информира дека нашиот фудбалски претставник Галатасарај во групните натпревари во Лига Европа на УЕФА синоќа ја пречека на свој терен италијанската екипа Лацио. Жолто-црвените фудбалери од почетокот до крајот на мечот ја воспоставија доминацијата над својот противник Лацио и извојуваа победа од 1:0.

 



Слични вести