Турски печат 15.09.2021

Еве ги позначајните вести за кои пишуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1706286
Турски печат 15.09.2021

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Турција во економскиот раст се искачи на над предепидемискиот период“,  им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој истакна дека Турција со брзиот раст во индустриското производство, извозот, вработувањето и економскиот раст се искачи на над предепидемискиот период. Претседателот Ердоган рече: „Показателите покажуваат дека ќе продолжи да се зголемува позитивниот раст во економијата.“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Позната програмата на Ердоган во САД“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган од 19 до 22 септември ќе престојува во Соединетите Американски Држави (САД). Претседателот Ердоган овде од говорницата на Обединетите нации во Њујорк ќе даде значајни пораки по прашањата на миграцијата, климатските промени и пандемијата. Ердоган ќе се состане и со американскиот претседател Џо Бајден и израелскиот премиер Нафтали Бенет. Освен тоа, претседателот Ердоган се очекува на светските лидери да им ја подари и својата книга „Можен е поправеден свет“, а ќе го отвори и „Турскиот дом“.

„Се бара модел за враќање дома“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Јени Шафак“, кадешто се истакнува дека по сириските мигранти, растечкиот мигрантски притисок од Авганистан ја зголеми чувствителноста на меѓународната заедница кон проблемот со миграцијата. Турција која во последните две недели дочека тројца значајни гости од Обединетите нации (ОН) и Европа, е во очекување да се изнајде решение за проблемот заедно со меѓународната заедница. Како решение, освен на формирање безбедносен коридор во северниот дел на Сирија се стои и на распространување на изградбата на куќи од брикети и подобрување на условите за живот во бегалските кампови.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Ставени потписите со Турција: Катарската армија влегува во нов период“, информира дека помеѓу Институтот Јунус Емре и Школата за јазик на Вооружените сили на Катар е потпишан договор за соработка за одржување курс по турски јазик. Директорот на Институтот Селџук Ќуршат Коџа во дадената изјава по прашањето ја даде следната информација: „Институтот Јунус Емре во Доха ги продолжува своите активности за уште повеќе унапредување на постоечките билатерални односи помеѓу двете пријателски и братски земји Турција и Катар, во сферата на образованието и културата.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Рекордно учество на ТЕКНОФЕСТ“, пишува дека оваа година од 21 до 26 септември на Аеродромот Ататурк во Истанбул ќе се одржи четвртиот фестивал за воздухопловство, вселена и технологија „ТЕКНОФЕСТ“ со кој се има за цел Турција да се претвори во општество кое произведува технологија и со кој беше започната иницијатива со слоганот „Национален технолошки потег“. Минатата година за „ТЕКНОФЕСТ“ се пријавија 16.034 тимови, додека оваа година е соборен рекорд со 39.684 пријавени тимови. Во рамките на фестивалот се организираат натпревари во 35 различни категории од електрични возила до беспилотни летала, од ракети до автономни системи и од модел сателити до подводни системи.

 



Слични вести