Турски печат 13.09.2021

Еве ги позначајните вести за кои пишуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1705664
Турски печат 13.09.2021

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Продолжуваат разговорите со 5 земји за третата фаза од испитувањата на Турковак“, информира дека според изјавата на потпретседателот Фуат Октај е постигната согласност со претседателот на Киргистан Садир Џапаров за водење и во Киргистан на третата фаза од испитувањата на турската домашна вакцина „Турковак“ која е развиена против новиот тип коронавирус (Ковид-19). Потпретседателот Фуат Октај истакна дека продолжуваат да се водат разговори за третата фаза од испитувањата на домашната вакцина и со Пакистан, Азербејџан, Аргентина, Колумбија и Полска.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Детал за Турција во извештајот на Европската унија (ЕУ) за стратешка предвидливост 2021“, се истакнува дека вториот извештај за стратешка предвидливост насловен како „Извештај за стратешка предвидливост за 2021 година- Капацитетот и слободата на ЕУ за дејствување“ кој беше соопштен од страна на Европската комисија (ЕК), уште еднаш потврдува колку е неопходно и колку е незаменливо полноправното членство на Турција во Европската унија (ЕУ). Според извештајот, улогата којашто ќе ја преземе Турција како силен и демократски партнер од аспект на трансатлантските односи на Европската унија (ЕУ) во блиска и далечна иднина, е со непроценлива вредност од аспект на иднината на Европа.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Бродот ‘Фатих’ започна со дупчење“, пишува дека бродот за сондажа „Фатих“ почна со дупчење во новата утврдена бушотина „Туркали-5“ во гасното поле Сакарја во Црното Море. Турција во реализираните ултра длабочински активности за истражување во Црното Море досега откри вкупно 540 милијарди метри кубни природен гас.

„Украина ќе купи уште 4 наоружани беспилотни летала Бајрактар-ТБ2“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Хурријет“, кадешто се истакнува дека началникот на Генералштабот на Украина Валериј Залујниј соопшти дека за 2021-2022 година планираат да купат уште 4 наоружани беспилотни летала „Бајрактар ТБ-2“. Украинските вооружени сили во 2019 година купија од Турција 6 наоружани беспилотни летала „Бајрактар ТБ2“ и 3 контролни станици на земјата.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Турција, новата рута на странските брендови“, им одделува место на изјавите на потпретседателот на Асоцијацијата за информатички сектор на Турција (ТУБИДЕР) Умит Ондер кој истакна дека гигантските технолошки компании ја сметаат Турција за центар за производство и го рече следното: „Разговараме со компании од САД и Кина. Се вршат истражувања во места како што се Измит, Мерсин и Истанбул. До крајот на годината можат да дојдат за инвестирање 3 или 4 многу големи брендови. Водечките глобални компании на информатичкиот сектор се многу желни за инвестирање во Турција.“

 



Слични вести