Турски печат 26.08.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите изданија во Турција...

1697485
Турски печат 26.08.2021

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Турската војска се враќа од Авганистан“, пишува дека како што соопшти Министерството за национална одбрана (МНО) по остварените различни контакти и правејќи проценка на присутната ситуација и условите, е започната евакуацијата на елементите на Турските вооружени сили од Авганистан.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Изјава за Талибан од претседателот Ердоган“, истакнува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на приредената програма на свечената вечера со амбасадорите во населеното место Ахлат кај градот Битлис го рече следното: „Во Авганистан треба да се формира инклузивна Влада. Засега гледаме со воздржан оптимизам на пораките коишто пристигнуваат од лидерите на Талибан.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Ердоган: Станавме земја која располага со збор во секое критично прашање во светот“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за време на манифестацијата што се одржа во населеното место Ахлат кај градот Битлис, а по повод одбележувањето на 950 годишнината од Победата кај Малазгирт (Манцикерт). Претседателот Ердоган го рече следното: „Од земја која во своите сопствени граници водеше речиси борба за опстанок, денеска станавме земја која располага со збор во секое критично прашање во својот регион и во светот.

„Вакцината Турковак во рамките на студиите од третата фаза почна да се применува на доброволци“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Јени Шафак“, кадешто се истакнува дека турската домашна вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19) развиена во соработка со Универзитетот Ерџијес во Кајсери (ERÜ) и Управата за здравствени институции на Турција при Министерството за здравство, во рамките на студиите од третата фаза почна да се применува на доброволци во Универзитетот Ерџијес во Кајсери (ERÜ).

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Истанбулскиот аеродром ветува нула емисии до 2050 година“, пишува дека Истанбулскиот аеродром се приклучи кон ветувањето за „нето нула емисии на јаглерод диоксид до 2050 година“ коешто беше покренато од страна на Меѓународниот совет на аеродроми во кој членуваат 238 аеродроми.

 



Слични вести