Турски печат 24.08.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите изданија во Турција...

1696120
Турски печат 24.08.2021

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Дипломатија за Авганистан од Ердоган: Ќе го преземеме секој неопходен чекор“, истакнува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган води интензивна дипломатија во врска со последните случувања во Авганистан и проблемот со миграцијата. Претседателот Ердоган за два дена оствари телефонски разговори со лидерите на 6 земји и со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел. Претседателот Ердоган рече: „Ќе продолжиме да го преземаме секој неопходен чекор за воспоставување на стабилноста во нашиот регион и за одбрана на нашата земја од мигрантскиот притисок.“ 

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Претседателот Ердоган се состана со спортистите добитници на медали“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера во претседателската палата се состана на вечера со спортистите репрезентативци кои освоија медали на Олимписките игри Токио 2020. Претседателот Ердоган во оваа пригода истакна дека чувствува голема гордост од средбата со спортистите кои со понос ја претставуваа земјата и со нивните ценети семејства и тренери.

„Турција не е бегалски камп“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Сабах“, кадешто им се одделува место на изјавите на портпаролот на владејачката Партија за правда и развој (АК Партијата) Омер Челик кој нагласи дека од страна на некои земји се објавуваат соопштенија во врска со миграцијата од Авганистан и го рече следното: „Турција нема сила за да прифати уште ниту еден мигрант.“ Велејќи дека Турција не е мигрантска земја, Омер Челик рече: „Турција владее со своите граници.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Пропадна лагата на британскиот печат“, истакнува дека за 24 часа е откриена лагата на британскиот печат околу тоа дека во Турција и во Пакистан ќе бидат формирани центри за прифаќање на авганистанските мигранти. Редакцијата на турски јазик на британскиот информативен сервис „BBC“ се извини и ја повлече својата вест. Министерството за надворешни работи на Турција пак, го објави следното соопштение: „До денеска не е доставено до нас ниту едно официјално барање од страна на ниту една земја. И доколку би било доставено одредено барање во оваа насока, не е можно да го прифатиме.“

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Султанките на мрежата со серија од 4 победи“, истакнува дека турската женска одбојкарска репрезентација на одиграниот натпревар на Европското првенство во одбојка во „BT Arena“ во романскиот град Калошвар ја победи и Финска со резултат од 3:0 во сетови со што постигна серија од 4 извојувани победи.

 



Слични вести