Турски печат 03.08.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1684487
Турски печат 03.08.2021

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Ердоган: Стабилноста во Тунис е значајна и од аспект на регионот“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во остварениот телефонски разговор со претседателот на Тунис Кајс Саид кој ја замрзна работата на Собранието во неговата земја, укажа на тоа дека зачувувањето на стабилноста, внатрешниот мир и спокојството на Тунис е од крајно големо значење од аспект на спасот на регионот. Претседателот Ердоган истакна дека е од големо значење зачувувањето на демократијата, ставањето под гаранција на слободите и надгледувањето на владеењето на правото во Тунис.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Благодарност од Ердоган до Милановиќ“, информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со својот колега пртеседателот на Хрватска Зоран Милановиќ. Претседателот Ердоган му се заблагодари на Милановиќ кој ѝ посака на Турција што побрзо да ги преброди шумските пожари и ја изнесе неговата солидарност и поддршка во борбата против пожарите. Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека сојузничките односи стануваат многу позначајни во вакви денови.

„Историски рекорд во извозот“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Јени Шафак“, кадешто се истакнува дека извозот на Турција во периодот јануари-јули годинава во споредба со истиот период минатата година оствари раст од 35 отсто и раст од 16,4 отсто во споредба со периодот пред пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), со што се искачи на 121,4 милијарди долари. Извозот во последните 12 месеци се зголеми на 201,5 милијарди долари и со тоа е постигнат нов историски рекорд во земјата. За прв пат во историјата на Републиката е надмината бројката од 200 милијарди долари.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Откритие од турските научници во својство на револуција“, информира дека турската научничка Рабиа Тугче Јазиџиоглу разви капсула за ендоскопска дијагноза во големина колку зрно од наут којашто може да се голтне и која испраќа безжични податоци. Ова откритие кое служи за дијагноза на болести на цревниот и дигестивниот систем, ќе обезбеди олеснување во бројни сфери, а пред се во ендоскопијата. Капсулата, откако ќе се голтне поминувајќи низ дигестивниот систем, односно системот на варење, истовремено ги дефинира и симптомите на болеста и може да доставува информации преку мобилен телефон. Со оваа капсула може да биде поставена рана дијагноза на голем број различни болести.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Следен противник во одбојка Јужна Кореја“, истакнува дека противник на турската женска одбојкарска репрезентација во четвртфиналето на Олимписките игри Токио 2020, е Јужна Кореја. Турција која групните натпревари ги заврши на третото место во следното коло ќе игра против Јужна Кореја. Четвртфиналниот натпревар помеѓу Турција и Јужна Кореја ќе се одигра на 4 август во среда, утре во 03:00 часот по турско време.

 



Слични вести