Турски печат 30.07.2021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1682577
Турски печат 30.07.2021

Весникот „Сабах“ во веста под нслов  „Коридорот што ќе ги поврзе Азербејџан и Турција“ ја објавува изјавата на потпретседателот на Партијата за правда и развој (АК Партија) Нуман Куртулмуш кој рече дека коридорот Зангезур, кој ќе го поврзе Азербејџан со турскиот свет и Турција, е од критично значење. Куртулмуш рече: „Ако се спроведе овој коридор, ќе има непрекинати можности за превоз не само до Баку, туку и до турските републики“.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Турција е еден од неприкосновените актери во Либија“ го објавува интервјуто на Жозеп Борел, висок претставник за надворешни односи и безбедносна политика на Европската унија (ЕУ) за шпанскиот весник „Ел Паис“ кој изјави дека Турција стана важен актер во Либија. Нагласувајќи дека во Либија има бази на турската морнарица, Борел рече: „Ова значи дека Турција ќе има влијание и врз миграцијата низ централниот Медитеран“.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „3 мерки против миграциите од Авганистан“ истакнува дека додека се зајакнуваат мерките на границите против миграциите од Авганистан, Турските вооружени сили (ТВС) применуваат тристепен безбедносен систем. Во првата фаза има надзор, контрола, патроли, во втората е опструкција, во третата фаза фаќање, приведување, депортација и правна постапка. Безбедносните извори информираа дека повеќето фотографии објавени на социјалните мрежи за авганистанските бегалци не се актуелни или не припаѓаат на турските граници.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Новите добри вести за природниот гас се само прашање на време“ ја објавува изјавата на министерот за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез кој за откритијата на природен гас рече: „Откривме доволно гас овде (во Црното Море) кој ќе ни биде доволен 10 години. Продолжуваат истражувањата и гаиме голема надеж. На крајот на годината или на почетокот на следната година, може да споделиме добра вест од запад. Нашата цел е да ја ресетираме надворешната зависност во енергијата“.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Санџак - новата моќ на Турција“ истакнува дека во информациите што беа објавени во американската одбранбена веб страница „Дефанс њуз“ беа промовирани супериорните можности на системот САНЏАК, развиен од Турција. Во написот, вниманието го привлече информацијата дека системот може да ги наруши сигналите на целните уреди и да ја попречува комуникацијата со вертикални бранови од земјата, воздухот и блискиот дострел. Системот е фокусиран на блокирање на уреди со висока фреквенција. На овој начин, се обезбедува пријателските трупи да се здобијат со предност во тактичкото поле со создавање на лажен пренос на информации на целниот уред.



Слични вести