Турски печат 29.07.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1681916
Турски печат 29.07.2021

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Запален првиот оган во природниот гас од Црното Море“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган коишто ги даде на церемонијата на палење на гасот во гасното поле Сакарја. Претседателот Ердоган го рече следното: „Со ставањето во примена на природниот гас од Црното Море ќе ја намалиме нашата зависност од надвор. Се вложува голем труд за стасување на првата фаза на гасот до 2023 година.“ Нагласувајќи дека следната година на дното на морето ќе биде поставен цевовод во должина од 169 километри, претседателот Ердоган рече: „Тоа ќе биде најдолгото поврзување на длабокото морско дно, на светот.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Извоз на МЕМАТТ-Механичка опрема за чистење мини, од Турција во Буркина Фасо“, истакнува дека Механичката опрема за чистење мини позната по кратенката „МЕМАТТ“ којашто се произведува од страна на компанијата „АСФАТ“ во склопот на Минитерството за национална одбрана, по Азербејџан сега се извезува и во западноафриканската држава Буркина Фасо. На тој начин „АСФАТ“ го реализира својот прв извоз за одбранбена индустрија во Африка.  

„Голем успех од Турција“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Хурријет“, кадешто се истакнува дека според извештајот на Европската електрична перспектива на тинк-тенк организацијата „Ембер“ со седиште во Лондон, посветен на првата половина од оваа година, делот во вкупното електрично производство од ветар и сонце во Турција во наведениот период, односно во првата половина на годината, се зголеми на 12,9 отсто. Турција во производството на електрична енергија од ветар и сонце се најде на седмото место меѓу земјите во Европа.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Туркиш Ерлајнс втора во Европа со дневно реализирани 1.323 летови“, пишува дека Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) со дневно по 1.323 летови стана втора авиокомпанија со најголем број реализирани летови во Европа. Авиокомпанијата „Пегасус“ пак, се најде на осмото место на списокот на авиопревозниците со најголем број летови во Европа.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Во ископувањата во Патара откриени коскени скелети на риба од пред 2.300 години“, информира дека во археолошките ископувања коишто продолжуваат во античкиот град Патара во населеното место Каш кај Анталија, се откриени коскени скелети на риба од остатоци од храна, од пред 2.300 години.

 



Слични вести