Турски печат 28.08.2021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1681361
Турски печат 28.08.2021

 

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Целта е да достигнеме 500 милиони долари“ ја објавува изјавата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган кој на заедничката прес-конференција со претседателот на Ангола, Жоао Мануел Гонсалвес Лауренчо рече дека обемот на трговијата меѓу двете земји е многу мал потенцирајќи: „Обемот на трговијата во моментов е 176 милиони долари. Нашиот договор во првата фаза е да достигнеме 500 милиони долари“.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Американски Форбс: Турција создава извозен пазар во областа на вооружените беспилотни летала“ истакнува дека светските медиуми продолжуваат да зборуваат за успехот на Турција во вооружените беспилотни  летала. Американското списание Форбс напиша дека Турција создаде голем извозен пазар во беспилотните летала. Во веста беше истакнато дека вооружените беспилотни летала продолжуваат да стекнуваат клиенти меѓу членките на НАТО и европските земји.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Турција презеде акција на иранската граница“ ја објавува изјавата на гувернерот на градот Ван, Мехмет Емин Билмез кој рече дека со зголемувањето на имиграцискиот притисок, со цел да цел да се обезбеди безбедноста на границата меѓу Турција и Иран и да се спречат нелегални премини и шверцерски активности како и да се спречат инфилтрирањето на терористите, ќе се изгради ѕид на целата гранична линија од 295 километри.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Изложени се првите емотикони за насмевка“ истакнува дека пред 4 години, во античкиот град Каркамиш кај Газиантеп на сириската граница беше пронајдена матарка за вода со емотикони на „насмевка“. Знакот на насмевка на матарката за вода стара 3.700 години е првиот емотикон во светот. Матарката која беше изложена во музејот за археологија во Газиантеп, за 1 месец ја посетија над 10 илјади луѓе.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „За само 9 дена во Анталија дојдоа повеќе од половина милион туристи“ истакнува дека за 9 дена односно периодот од 17 до 25 јули, Анталија ја посетија 200 илјади 356 туристи од Русија, 76 илјади 152 туристи од Германија, 68 илјади 663 туристи од Украина, 28 илјади 898 туристи од Полска и 15 илјади 917 туристи од Казахстан, односно 562 илјади 907 странски гости од различни земји.



Слични вести