Турски печат 16.07.2021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случуавња во земјава и светот

1676149
Турски печат 16.07.2021

 

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Плоштадите повторно се наполнија за 15 јули“ истакнува дека поминаа 5 години од крвавиот обид за воен удар на терористичката организација Фетулах (ФЕТО) на 15 јули 2016 година. Граѓаните, кои таа вечер на повик на претседателот Реџеп Тајип Ердоган излегоа на плоштадите, напишаа голема херојска приказна. Вчера, низ целата земја, Турција им одаде чест на своите жртви и ја одбележа победата против пучистите.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Не ќе можат да ја спречат изградбата на голема и силна Турција“ истакнува дека по повод 15 јули, Денот на демократијата и националното единство, претседателот Реџеп Тајип Ердоган одржа говор пред нацијата. „На амбициозните луѓе кои имаат подмолни намери против нашата нација, им порачуваме дека нема да успеете. Тие не успеаја вчера, не успеаја денес, се надевам дека нема да успеат и утре, не ќе да можат да ја спречат изградбата на голема и силна Турција“.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Отворен Музејот на демократија 15 јули“ истакнува дека вчера претседателот Ердоган го отвори Музејот на демократијата 15 јули, изграден спроти претседателскиот комплекс, каде со посебни звучни и визуелни ефекти ќе се раскажува предавничкиот обид за воен удар на ФЕТО. Претседателот Ердоган и сопругата Емине Ердоган додека ги гледаа видеата во специјална продукција во која беа споделени искуствата на граѓаните кои се спротивставија на обидот за пуч во музејот, имаа емотивни моменти.

Новинскиот веб портал „Хабер Турк“ во веста под наслов „Симболот на националното единство и духовната моќ“ истакнува дека во 90 илјади џамии во 81 град оддекнуваше гласот на езанот села, кој стана симбол на единството и солидарноста против предавничкиот обид за воен удар на ФЕТО на 15 јули 2016 година. Гласот на езанот „села“, кој внесе дух на единство и пружи духовна сила на нацијата за време на обидот за државен удар, во 00:13 часот според турско време,  повторно оддекнуваше во исто време од сите џамии низ целата земја.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Јасна порака од најпознатиот плоштад на светот: Турција не може да се помине“ истанува дека на дигиталниот гигантски екран на Тајмс Сквер во Њујорк, Соединетите Американски Држави, како дел од одбележувањето на 15 јули, Денот на демократијата и националното единство, се емитуваа слики кои ја прикажуваа борбата на турската нација против обидот за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО). На дигиталниот гигантски екран на плоштадот, со пораките „Победа на демократијата“ и „Турција не може да се помине“ беше објаснета борбата на Турција и турската нација против обидот за воен удар.



Слични вести