Турски печат 14.07.2021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1675129
Турски печат 14.07.2021

 

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Ердоган оствари телефонски разговор со кинескиот претседател“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разговор со претседателот на Кина Кси Џинпинг. На разговорот беа разгледани чекорите за подобрување на односите меѓу Турција и Кина и регионалните случувања, особено трговијата, инвестициите, енергетиката, транспортот и здравството. Ердоган привлече внимание на важноста за Турција на ујгурските Турци да живеат во просперитет, слобода и мир како рамноправни граѓани на Кина.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Реакција на МНР против Грција во врска со Галатасарај“ истакнува дека вчера, поради непристојниот однос на Грција на аеродромот кон фудбалскиот тим Галатасарај, кој замина во Атина за да одигра пријателски натпревар со фудбалскиот тим Олимпијакос, грчкиот амбасадор во Анкара, Мајкл-Христос Дијамесис, беше повикан во Министерството за надворешни работи и му беше врачен протест во врска со лошото постапување. Во протестната нота која беше доставена на Грција беше изнесено дека ситуацијата со која се соочи турската екипа е вон правилата, дискриминирачка и далеку од пријателство.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Изјавата на министерот Акар од Авганистан“ истакнува дека говорејќи за безбедноста и работењето на меѓународниот аеродром Хамид Карзаи во Авганистан вчера, министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече: „Има позитивни случувања во НАТО со иницијативите на Турција, а исто така и прашања со кои се согласуваме со американскиот  министер за одбрана Лојд Џејмс Оситин. Нашата цел е да продолжиме со нашиот придонес кон безбедноста, мирот и благосостојбата на нашите браќа во Авганистан“.

Новинскиот веб портал „Хабер Турк“ во веста под наслов  „Перформансите на индексот на индустриското производство во мај дополнително ги зајакнаа нашите очекувања за поголем раст“ ја објавува изјавата на министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк кој во вчерашниот пост на својот Твитер профил ги оцени податоците за индустриското производство за мај. Варанк рече: „Во мај, индексот на индустриското производство на годишно ниво се зголеми за 40 отсто, а на месечно ниво за 1,3 отсто. Овој учинок дополнително ги зајакна нашите високи очекувања за раст во вториот квартал од 2021 година“.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Грција ги турка бегалците назад во Турција“ истакнува дека Комесарот за внатрешни работи на Европската унија (ЕУ), Илва Јохансон, изјави дека Грција илегално ги турка азилантите назад во морето кон Турција и изјави дека ова е „кршење на основните европски вредности“.



Слични вести