Турски печат 13.07.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1674348
Турски печат 13.07.2021

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Порака од Ердоган за раст“, информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа вчера по состанокот на претседателскиот кабинет го истакна следното: „Со процентот на раст што ќе го постигнеме во 2021 година ќе докажеме дека сме економија во раст во светот. Напредуваме со сигурни чекори и во економијата, на патот за изградба на голема и силна Турција. Турција веќе е на прагот да зачекори во највисоката лига на светот, политички и економски.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Турција зајакнува во регионот“, пишува дека на состанокот за економски и финансиски дијалог меѓу Европската унија (ЕУ) и земјите од Западен Балкан и Турција, е дадена порака за силна соработка во финансиските политики. Во завршната декларација којашто беше објавена од страна на Европскиот совет се истакнува дека состанокот има за цел земјите од Западен Балкан и Турција да бидат подготвени за пристапување кон Европската унија (ЕУ) во иднина.

„Две турски компании влегоа во списокот на одбранбените гиганти“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Јени Шафак“, кадешто се истакнува дека оваа година во списокот на „Defense News Top 100“ кој се прифаќа како најпрестижен список за одбранбена индустрија во светот, велгоа две турски компании. На списокот, Турската компанија за Воена електронска индустрија (АСЕЛСАН) се најде на 48-то место, а Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) на 68-то место.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Од Русија во Анталија за приближно две недели дојдоа 307.417 туристи“, информира дека Анталија која се наоѓа меѓу најзначајните туристички дестинации на светот, за приближно две недели пречека 307.417 руски туристи кои дојдоа со 1.095 летови.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Соборен рекорд во продажбата на станови на странци“, пишува дека бројот на продадените станови на странци во Турција во првата половина од оваа година, во споредба со истиот период минатата година со раст од 44 отсто е зголемен на 20.488. Оваа бројка е регистрирана како најголема бројка за периодот јануари-јуни на сите времиња.

 



Слични вести