Турски печат 12.07.2021

Денешните турски весници опиршно пишуваат за актуелните случиувања во земјава и светот

1673710
Турски печат 12.07.2021

 

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Порака за геноцид од Ердоган во Сребреница! Нема да го дозволиме тоа“ ја објавува видео пораката на претседателот Реџеп Тајип Ердоган што ја испрати на комеморацијата што се одржа во Босна и Херцеговина по повод 26-годишнината од геноцидот во Сребреница. Ердоган во пораката рече: „Нема да дозволиме оваа црна дамка во историјата на Европа и човештвото да биде се отстрани во втор план “.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Ердоган излегува на терен на Меѓународниот фестивал за култура и спорт на Северен Кипар“ истакнува дека по повод 47-та годишнина од кипарската мировна операција, претседателот Реџеп Тајип Ердоган ќе излезе на теренот на натпреварот „Мешовита екипа на славните“ составена од министри и поранешни фудбалери на „Интернационалниот фестивал за култура и спорт на Северен Кипар“ што ќе се одржи во Лефкоша меѓу 16-19 јули. Ердоган пред натпреварот ќе упати важни пораки до целиот свет.

Новинскиот портал „Хабер Турк во веста под наслов „Реакција од министерот за национална одбрана Хулуси Акар до неговиот грчки колега“ истакнува дека министерот за национална одбрана Хулуси Акар остро реагираше на изјавата на грчкиот министер за одбрана Николаос Панагиотопулос против Турција, потецирајќи дека „Грција продолжува со својот провокативен, незаконски, бескомпромисен и ескалационен став која не се придржува ниту на договорите што ги потпиша“.

Весникот „Хуријет во веста под наслов „ДХМИ стана прв во Европа“ ја објавува изјавата на министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисамилоглу кој рече дека Центарот за контрола на летање Генералниот директорат за  државни аеродроми (ДХМИ) на турција беше рангиран на првото место во управувањето со летниот сообраќај во првите 6 месеци од годинава, надминувајќи ги другите големи центри во Европа.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Извозот на морските производи на Турција кон нов рекорд“ истакнува дека Турција, во периодот јануари-јуни 2020 година оствари извоз на 457 милиони 919 илјади долари морски производи. Во истиот период оваа година, извозот се зголеми за 42 отсто и достигна 649 милиони долари.



Слични вести