Турски печат 09.07.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1672439
Турски печат 09.07.2021

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Ердоган: Ќе ги продолжиме нашите инвестиции во одбранбената индустрија“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој истакна дека ќе ги продолжат инвестициите во одбранбената индустрија се додека Турција не биде целосно спасена од зависноста од надвор. Нагласувајќи дека Турција е земја која ја платила сметката за зависноста од надвор во минатото, претседателот Ердоган рече: „Ќе се зголеми уште повеќе капацитетот на производство на турската одбранбена индустрија, Иншаллах (со Аллахова помош-дозвола) нашата земја со уште поголема брзина ќе ги постигне своите цели.“ 

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Фуат Октај: Европската унија (ЕУ) секогаш остана безгласна во хуманитарните кризи“, информира дека потпретседателот Фуат Октај покажа реакција на изјавата на претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон Дер Лејен која пред посетата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) на 20 јули, отпатува во посета на Јужен Кипар и од овде даде порака со поддршка на Кипарско-грчката управа. 

„Офанзивното беспилотно летало (ТИХА) Акинџи премина во историјата, извонреден рекорд“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Ватан“, кадешто се истакнува дека офанзивното беспилотно белато (ТИХА) „Акинџи“ кое е развиено со домашни и национални можности, фрли потпис на историски рекорд. Офанзивното беспилотно белато (ТИХА) „Акинџи“ кое полета во рамките на „Тестовите за перформанс на долг лет и висока надморска височина“ се искачи на надморска височина од 38.039 фита (11.594 метри). На тој начин за прв пат едно летало развиено со национални можности успеа да се искачи на една ваква голема надморска височина на небото.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Турција, една од земјите со најбрз раст во инвестициите меѓу земјите на ОЕЦД“, пишува дека министерот за трезор и финансии Лутфи Елван преку видео-конференција учествуваше на состанокот чиј домаќин беше Алдерман Емма Едхем, претседалот на турско-британската трговска и индустриска комора (TBCCI) со седиште во Лондон. Министерот Лутфи Елван во оваа пригода го рече следното: „Остваривме консултации во врска со економската перспектива, нашата програма за реформи и можностите за инвестирање во нашата земја. Турција е една од земјите со најбрз економски раст во инвестициите меѓу земјите на ОЕЦД.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Турција меѓу четирите земји кои ќе се вратат побрзо во периодите пред епидемијата“, информира дека во објавениот извештај од страна на американската банка „JPMorgan“ се соопштени земјите во развој кои ќе достигнат најбрзо до нивото на раздвиженост од пред појавата на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19). Во извештајот се истакнува дека меѓу земјите во развој кои ќе достигнат најбрзо до нивото на раздвиженост од пред појавата на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се наоѓаат Турција, Сингапур, Индија и Бразил.

 



Слични вести