Турски печат 07.07.2021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1671130
Турски печат 07.07.2021

 

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Цел до празникот Курбан Бајрам е да се достигне вакцинирање на 70 отсто од населението“ ја објавува изјавата на министерот за здравство Фахретин Коџа кој рече дека до Курбан Бајрам (20 јули),  имаат за цел да вакцинираат 70 отсто од постарите од 18 години, кои треба да се вакцинираат со најмалку една доза, а која бројка изнесува скоро 62 милиони граѓани. Со зголемување на бројот на нашите мобилни тимови што е можно повеќе, ние сакаме да ја достигнеме целта што е можно побрзо и да обезбедиме имунитет на општеството“.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Ќе прославиме два празници заедно“ ја објавува изјавата на претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар кој рече дека 47-годишнината од Мировната операција на Кипар ќе се одбележи на 20 јули. Ние се подготвуваме за церемониите на 20 јули, првиот ден на празникот Курбан Бајрам. Се надевам дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган и неговата делегација ќе бидат со нас на Кипар на овие церемонии и заедно ќе ги прославиме двата празници“.

Весникот „Сабах“ во веста под анслов „Радост на туристичките работници по повод новите летови од Русија“ истакнува дека откако Русија ги започна летовите за Турција, радосна вест за летовите дојде од уште 13 градови. Руската Федерална агенција за воздушен транспорт (Росавијација) објави дека од 12 јули, 13 нови градови ќе бидат додадени на списокот на градовите со редовни и чартер летови за Турција.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Турција се искачува како моќ на вооружените беспилотни летала (СИХА)“ истакнува дека интернет-страницата „Дрон војни“ со седиште во Лондон, во својот напис за програмата вооружени беспилотни летала на Турција (СИХА), нагласи дека додека Турција продолжува да произведува и извезува вооружени беспилотни летала, Европејците доцнат во овој поглед. „Турција има капацитет за поголем број беспилотни воздушни возила“, се вели во написот.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Во изградбата на мостот Чанакале 1915 година започна инсталацијата на јажиња за суспензија“ истакнува дека без забавување продолжува изградбата на мостот Чанакале 1915 година, кој ќе ги поврзе континентите Азија и Европа, а кој што ќе биде отворен следната година. Почна монтажата на потпорните греди за прицврстување на подот на мостот. Најдолгиот мост со среден распон во светот, кој се издвојува со своите фини детали од инженерски апсект, се планира да биде пуштен во употреба на 18 март 2022 година, што се совпаѓа со 107-годишнината од Поморската победа на Чанакале.



Слични вести