Турски печат 05.07.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција…

1669792
Турски печат 05.07.2021

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Викенд без ограничувања“, пишува дека граѓаните во Истанбул, вчера, во првата недела од укинувањето на ограничувањето за движење (излегување на улица), а во рамките на донесените одлуки за постепена нормализација во склопот на мерките против новиот тип коронавирус (Ковид-19), денот го поминаа на морските крајбрежја и по парковите низ градот. Слични слики беа забележани речиси во сите градови на Турција. Граѓаните навалија особено во одморалиштата на на морските крајбрежја.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Проф. д-р Угур Шахин: Турција за 3-4 месеци ќе се нормализира“, информира дека од турските научници основачи на германската компанија „БиоНТек“ проф. д-р Угур Шахин и д-р Озлем Туреџи кои на церемонијата на дипломирање на студентите на Универзитетот Сабанџи, учествуваа онлајн, преку интернет, пристигна и една радосна вест. Проф. д-р Угур Шахин во својот говор го рече следното: „Гледаме дека вакцинацијата помага за да се стави под контрола епидемијата. Тоа веројатно за 3-4 месеци ќе се оствари и во Турција. Со тоа ќе можеме да го ставиме под контролата инфектирањето и ќе можеме да го намалиме времетраењето на хоспитализацијата во болниците.“

„Татар: Со поддршката на Турција пристигнавме до денеска“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Стар“, кадешто се истакнува дека претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар го рече следното: „На Кипар беа доживеани големи настани, имаше голем геноцид, но со поддршката на Турција пристигнавме до денеска.“ Велејќи „Ние располага со држава, ние ја имаме нашата Република“, претседателот Татар истакна дека моментално со крајно голема усогласеност со Турција продолжуваат да застануваат во одбрана на својата национална кауза.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Французите ја покажаа Турција како пример“, пишува дека Комитетот за одбрана при Сенатот на Франција подготви извештај во кој се упатува повик за подготвување на францускатта армија за војна со наоружани беспилотни летала. Во извештајот се говори за користењето на турските наоружани беспилотни летала (СИХА) во Карабах, Либија и Сирија. Во извештајот исто така стои дека Турција почна со производство во големи димензии и со извоз на своите ненаоружани и наоружани беспилотни летала (ИХА и СИХА).

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Борел се отвори кон САД и кон Европа“, информира дека Турција која располага со најбогатите резерви на рудата бор во светот, оваа своја вредност ѝ ја придава и на економијата. Средството за дезинфекција на рацете „Борел“ се извезува во земји како што се Соединетите Американски Држави (САД), Луксембург и Финска, додека интензивна побарувачка пристигна и од Блискоисточните земји. Исто така, како целни пазари за извоз на домашното средство за дезинфекција на рацете „Борел“ се утврдени и земјите како што се Германија, Велика Британија, Франција и Холандија.

 



Слични вести