Турски печат 02.07.2021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1668463
Турски печат 02.07.2021

 

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Порака за решеност во однос на правата на жените од Ердоган“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган во врска со повлекувањето на Турција од Истанбулската конвенција рече: „Нашата борба против насилството врз жените не започна со оваа конвенција и нема да заврши со овој договор. Како што во минатото  се боревме против насилството врз жените и способноста на жените да ги остваруваат своите човекови права, така и денес и во иднина, ќе продолжиме со истата борба“.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Чавушоглу: Ние го игнорираме менталитетот што кој на кипарско турскиот народ смета како на малцинство“ ја објавува изјавата на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој рече дека администрацијата на кипарските Грци изнесува пристап според кој на кипарските Турци смета како на малцинство, а не како рамноправна заедница и рече: „Сега и ние го игнорираме овој менталитет кој на кипарско турскиот народ смета како малцинство. Ние веќе не го прифаќаме криењето на Кипарско грчката страна зад резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации, кои истекоа и ќор-сокакот го претставува како потрага по решение.

Новинскиот портал „Хабер Турк“ во веста под наслов  „Алтун: Во секоја прилика ќе ја кажеме вистината“ истакнува дека ЈуТјуб од својата страница го отстрани говорот на директорот за комуникации Фахретин Алтун на истовременото отворање на „Изложбата на дипломатските жртви“ во Лос Анџелес и Истанбул на 24 април. Алтун остро реагираше на оваа одлука и по тој повод рече: „Сакале ​​или не, ние во секоја прилика ќе кажеме дека тероризмот нема јазик, религија или раса. Уште еднаш видовме дека како и на секое поле ни требаат домашни и национални платформи во областа на медиумите и комуникацијата. Да живее Вистината!“ рече Алтун.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Одлуката на Германија во врска со Турција“ истакнува дека Германија ги укина општите предупредувања за меѓународни патувања за 80 земји, вклучително и Турција, за коишто соопшти дека се ризични поради епидемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19). Германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас рече дека „Каде што има позитивни случувања, нема причина да се задржат ограничувањата“.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Туристичкиот сектор очекува 2,5-3 милиони туристи од Германија“ ги објавува коментарите на туристичките работници кои потенцираа дека побарувачката за одмор во Турција во Германија е пред европските земји како што се Шпанија, Италија и Грција. Туристичките работници истакнаа дека во случај не се случат некои несакани настани или случувања, очекуваат да дојдат околу 2,5-3 милиони германски туристи. Укажувајќи дека Германија е водечка земја во Европа, туристичките работници рекоа: „Германците имаат многу силна побарувачка за Турција“.



Слични вести