Турски печат 28.01.2021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1665767
Турски печат 28.01.2021

 

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Чекор по чекор нормализација“ истакнува дека вчера беа објавени деталите за постепеното нормализирање што ќе започне на 1 јули. Според инструкцијата објавена од Министерството за внатрешни работи, повторно се отвораат сите работни места и кина, а јавниот сектор се враќа кон нормалното работно време. Се укинуваат ограничувањата за бројот на луѓето во рестораните и местата за јадење и пиење и бројот на учесниците на венчавките и свадбите. Во новиот период, исто така ќе може да се одржуваат концерти и фестивали и нема да има ограничувања во парковите и излетничките места.

Новинскиот веб портал „Хабер Турк“ во веста под наслов „Нови откритија на природен гас во Црното Море се прашање на време“ ја објавува изјавата на министерот за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез кој најави дека доколку не стигне оваа година, во првиот квартал на следната година, ќе планираат уште едно истражно дупчење во Црното Море. Наведувајќи дека Црното Море е регион со сериозен потенцијал од аспект на продуктивноста, Донмез рече: „Ако наидеме на податоци како постојните податоци, можеби ќе имаме можност да објасниме откритие на полето лоцирано на северозапад“.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Доаѓа Турскиот закон за дигитален пазар“ истакнува дека продолжуваат подготовките за Законот за дигитален пазар во Турција. Регулативата се планира да се спроведе во првата половина на 2022 година. Изјавувајќи дека Законот за дигитален пазар ќе биде закон што ги штити потрошувачот и продавачот, претседателот на Управата за конкуренција Бирол Куле рече: „Ние ќе бидеме први по Европскиот парламент и Германија“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Зголемен интересот на американските компании за ТРСК“ ја објавува изјавата на почесниот претседател на Советот за развој на американско-турскиот бизнис Угур Терзиоглу кој рече дека по средбата меѓу претседателот Реџеп Тајип Ердоган и претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден во Брисел, дојде до интензивирање на извозот на Турција во Соединетите Американски Држави. Терзиоглу изјави дека Турската Република Северен Кипар (ТРСК) може лесно да тргува со САД и дека познати американски компании отвориле канцеларии во ТРСК.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Ѓобеклитепе ќе стане попопуларно место во светот“ истакнува дека во околината на најстарата позната населба во светот Ѓобеклитепе, која се наоѓа на списокот на светското наследство на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО), беа откриени уште голем број други важни центри. Привршуваат работите на 11 точки ридови откриени на линија долга 100 километри околу Ѓобеклитепе. Во септември ќе се направи промоција на регионот.



Слични вести