Турски печат 24.06.2021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1663751
Турски печат 24.06.2021

 

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Треба заедно да градиме“ ја објавува изјавата на потпретседателот Фуат Октај кој рече дека ќе продолжи поддршката на Турција за тековните проекти во Турската Република Северен Кипар (ТРСК). „Треба заедно да го изградиме Северен Кипар кој цврсто ќе стои на свои нозе и ќе произведува“.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Изјава за Авганистан од министерот за национална одбрана Акар“ истакнува дека министерот за национална одбрана Хулуси Акар, во вчерашаната изјава во врска со средбата со претставниците на Соединетите Американски Држави (САД) на аеродромот во Кабул рече: „Имаме присуство, не станува збор за испраќање војници во моментот. Нашата цел е да придонесеме за безбедноста на нашите авганистански браќа“.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Преминавме кон нова фаза за вакцинација во борбата против коронавирусот“ ја објавува изјавата на министерот за здравство Фахретин Коџа кој по вчерашниот состанок на Научниот совет рече дека Турција премина во нова фаза во борбата против новиот вид коронавирус. Министерот Коџа најави дека почнувајќи од утре секој што наполнил 18 години ќе може да добие термин за вакцинација. Министерот Коџа исто така рече дека мутацијата Делта со индиско потекло е откриена кај 134 лица во Турција.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Официјално ќе се отвори во петок“ ја објавува изјавата на министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез кој рече дека Турција ја зголеми разновидноста на своите ресурси на природен гас со проекти на течен природен гас (ЛНГ) и пловечки објекти за складирање и гасификација (ФСРУ) и дека официјалната церемонија на отворање на Објектот Ертугрул Гази ќе се одржи утре во Дортјол кај Хатај.

Новинскиот информативен портал „Хабер Турк“ во веста под истакнува дека „Поминавме важен праг во 5Г“ ја објавува изјавата на министерот за транспорт и инфратсруктура Адил Караисамилоглу, кој вчера го оствари првиот аудио разговор преку 5G инфраструктурата развиена на локално и национално ниво. Министерот Караисамилоглу рече дека тие поминале важен праг во развојот на софтверски производи за управување, услуги и оперативни софтвер, специфични за 5G.



Слични вести