Турски печат 23.06.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција…

1663003
Турски печат 23.06.2021

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Познато името на домашната вакцина“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој истакна дека е започната третата фаза од испитувањата на домашната вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19) со што пак рече дека веќе се подотворени вратите на еден нов период во Турција. Претседателот Ердоган соопшти дека името на домашната вакцина против Ковид-19 е „ТУРКОВАК.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Порака од Ердоган за домашната вакцина“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во своето обраќање преку видео порака на Катарскиот економскми форум во врска со неправдата со вакцините во светот го рече следното: „85 сиромашни земји немаат пристап до вакцина. Вакцините и лековите треба да бидат отворени за употреба праведно на сите земји.“ Претседателот Ердоган воедно додаде дека домашната вакцина на Турција ќе биде вакцина на целото човештво.“   

„Изјава од Европската унија (ЕУ) за Турција“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хурријет“, кадешто им се одделува место на изјавите на претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен која рече дека треба да биде обновен договорот за бегалци меѓу Европската унија (ЕУ) и Турција.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Техничка делегација од САД ќе допатува во Турција“, истакнува дека техничка делегација од Секретаријатот за одбрана (Пентагон) на Соединетите Американски Држави (САД) утре ќе допатува на разговори во Турција за разгледување на прашањето со Меѓународниот Аеродром "Хамид Карзаи" во Кабул, главниот град на Авганистан.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Оваа година бројот на туристите ќе надмине 20 милиони“, информира дека претставниците на туристичкиот сектор привлекуваат внимание дека по мерките коишто се ставени во примена и донесените одлуки постои извонредна побарувачка за турските крајбрежја и дека е дојдено до бум во резервациите за одмор. Како што се вели, по донесената одлука за укинување на ограничувањата за летовите од Русија уште од вчера, првиот ден, е доживеан раст од 30 отсто во воздушниот сообраќај. Минатата година во Турција дојдоа 16 милиони туристи, додека оваа година уште од сега се согледува дека ќе биде надмината бројката од 20 милоиони туристи.

 



Слични вести