Турски печат 22.06.2021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1662431
Турски печат 22.06.2021

 

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Ердоган ги објави одлуките за состанокот на кабинетот“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган, на прес конференцијата по вчерашниот состанок на Кабинетот, изјави дека почнувајќи од 1 јули, целосно го укинале полицискиот час во Турција. Во врска со програмата за вакцинирање Ковид-19, Ердоган рече: „Ние сме земјата што направи најмногу вакцини во светот во последната недела во споредба со нејзиното население“.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Соопштение од Германија во врска со Турција“ истакнува дека германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас побара да се ажурира договорот за миграција меѓу Европската унија (ЕУ) и Турција. Маас во изјавата за весникот „Велт“ рече: „И покрај сите тешкотии со турската влада, мора да се признае дека оваа земја го носи товарот на миграцијата, што не може да се смета за безначаен за нас“.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Подготвени сме за партнерство со Турција“ истакнува дека претседателот на Државната вселенска агенција на Украина Володимир Тафтај изјави дека со Турција како во одбранбената индустрија можат да остварат многу заеднички проекти и во областа на вселената. Тафтај изјави дека Турција е приоритетен партнер за Украина и дека со консолидацијата на соработката, Украина и Турција можат да испратат вселенски ракети или сателити.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Започнува масовното производство на вооружено поморско поморско возило (СИДА)“ ја објавува изјавата на претседателот на Одбранбената индустрија (ССБ) Исмаил Демир кој најави дека ќе започне масовното производство на домашното вооружено морско возило без екипаж (СИДА), кое ќе има клучна улога во одбраната на Сината татковина. Демир рече дека има и други модели во низата.

Информативниот веб портал „Хабер Турк“ во веста под наслов „Хакан Чалханоглу премина во Интер“ истакнува дека турскиот репрезентативец Хакан Чалханоглу, чиј договор со Милан истече, постигна договор со Интер, последниот шампион во Серијата А. Хакан ќе потпише договор што ќе го врзува за неговиот нов тим на 3 + 1 година откако ќе го помине здравствениот преглед.



Слични вести