Турски печат 21.06.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција…

1661735
Турски печат 21.06.2021

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Ердоган: Мора да се укинат пирчините коишто ги присилуваат мигрантите и бегалците на иселување“, и одделува место на пораката којашто претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ја објави по повод Светскиот ден на бегалците. Претседателот Ердоган во пораката го истакна следното: „Мора да се вложуваат напори за укинување на причините коишто ги присилуваат мигрантите и бегалците на иселување, за ставање крај на судирите и нестабилностите и за враќање на овие лице во нивните домови.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Изјава од Чавушоглу во врска со Грција“, пишува дека на изјавата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас „турската агресивност ја употребивме како оружје против самата Турција“, пристигна одговор од Турција. На оваа изјава на Дендиас, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу одговори со зборовите: „Грција треба да се откаже од провокациите и провоцирачките чекори.“ 

„Украинскиот министер за надворешни работи упати повик до своите граѓани да дојдат на одмор во Анталија“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Хабертурк“, кадешто се истакнува дека украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ги покани Украинците на одмор во Анталија. Кулеба рече: „Украинските туристи, ѝ ќе го доживуваат задоволството на убавото море, ѝ ќе ја доловат можноста одблизу да ја откријат и научат многу древната историја со којашто располага Турција.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Дозволата за летови ги возбуди Русите“, информира дека Русија го укина ограничувањето за летовите за Турција коешто го воведе поради пандемијата. Русите за еден час ги блокираа интернет страниците на туристичките агенции. За 5 месеци се очекува во нашата земја да допатуваат 7 милиони руски туристи. 

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Весникот 'Ле Фигаро' ги покани своите читатели во Турција“, истакнува дека францускиот весник „Ле Фигаро“ објави напис под насловот „5 причини поради кои треба да се оди во Турција“. Во написот се предлагаат местата коишто треба да се прошетаат во Турција и притоа како места коишто сигурно мора да се посетат и прошетаат се набројуваат Ѓобеклитепе, Бодрум, Мугла, Џамијата Шакирин, да се патува со возот Источен Експрес, како и сигурно да се јаде во некои познати ќебапчии.

 



Слични вести