Турски печат 18.06.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција…

1660449
Турски печат 18.06.2021

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Ердоган:За политичките проблеми во регионот нема друго решение освен дијалог“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кои ги даде по Самитот за соработка на земјите од Југоисточна Европа што се одржа во Анталија. Претседателот Ердоган истакна дека на самитот беше нагласена заедничката борба по прашањето на миграцијата и епидемијата. Тој рече: "Мислиме дека за решавање на политичките проблеми во регионот нема друго решение од дијалогот. Забрзувањето на процесите на приклучување на Турција кон ЕУ ќе и обезбеди полза на Унијата во глобално ниво."

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Сите земји во сојузот треба да ја поддржуваат Турција“, пишува дека германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер која допатува во посета на Анкара се состана со министерот за национална одбрана Хулуси Акар и во оваа пригода во врска со случувањата во Авганистан го рече следното: „Реков дека ќе бидеме блсхидарни доколку Турција фрли чекор во правец на преземање значајна улога. На Турција треба да и дадат поддршка о сите земји на Сојузот.“

„Алок Шарма: Напорите на Емине Ердоган се многу успешни“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Сабах“, кадешто се истакнува дека претседателот на Конференцијата за климатски промени при Обединетите нации (ОН) Алок Шарма во написот за „Сабах“ упатувајќи пофалба на борбата на Турција против климатските промени го истакна следното: „Мошне одлучните планови започнети од страна на Емине Ердоган, сопругата на претседателот, за мобилизација на 'нула отосфот', заштитата на шумите и спречување на опустинувањето, се многу успешни.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов: „Одлука од Франција за Турција“, информира дека Франција ја извади Турција од списокот на „црвени земји“ за кои претходно воведе ограничување за патување со цел да спречување на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19). Со тоа е укинато применувањето на задолжителен карантин од 10 дена за патиците кои ќе патуваат од Турција за Франција.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Нова одлука од Туркиш Ерлајнс во врска со послужување“, им одделува место на изјавите на генералниот директор на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) Билал Екши кој истакна дека почнувајќи од 18 јуни ќе почнат да се послужуваат патниците кои ќе патуваат на сите меѓународни линии. 

 



Слични вести