Турски печат 17.06.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција…

1659687
Турски печат 17.06.2021

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Историски зборови од Ердоган во Собранието на Азербејџан“, информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во своето обраќање пред пратениците во Националното Собрание на Азербејџан употреби историски зборови. Претседателот Ердоган рече: „Денеска со сите наши можности сме покрај Азербејџан. Целиот свет нека знае дека и утре (во иднина) ќе заземеме место покрај него.“ Велејќи дека достави предлог за шесторна платформа, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Русија, Турција, Азербејџан, Иран, Ерменија и Грузија. Веќе да се стави крај на непријателствата во регионот.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Лесер: Турција, сојузник во НАТО со извонредно значење“, им одделува место на следните изјави на потпретседателот и директор за надворешна политика на Германскиот Маршалов фонд (ГМФ) д-р Лан Лесер: „Широко прифатливо прашање е тоа дека Турција е сојузник во НАТО со извонредно значење. Повеќето од присутните кризи е тешко да се управуваат без помошта на Турција.“

„Првата домашна нуклеарна батерија“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Јени Шафак“, кадешто се истакнува дека од страна на Техничкиот Универзитет Јилдиз е развиен прототип на нуклеарна батерија со долг век на траење. Благодарение на оваа батерија може да и се обезбедува сила на опрема којашто би можела да функционира долго време без надзор како вселенски летала, срцеви пејсмејкери, подводни системи и научни станици.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „На Турција и се вратени 4.862 културни експонати од странство“, информира дека од страна на Министерството за култура и туризам од 2003 година досега се вратени во земјата 4.862 од културните експонати на Турција кои се наоѓаа во странство, а од кои е обезбедено во првите 6 месеци од оваа година да бидат вратени 423 историски експонати.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Истанбулскиот Аеродром со 635 летови не го остави лидерството во Европа“, пишува дека според извештајот подготвен од страна на Европската организација за безбедност на воздушната навигација (ЕУРОКОНТРОЛ) за сообраќајот на летови, Истанбулскиот Аеродром со реализираните 635 летови во вторникот го зазеде првото место меѓу аеродромите во Европа.

 



Слични вести