Турски печат 16.06.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција…

1658853
Турски печат 16.06.2021

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Ердоган и Алиев ја потпишаа Декларацијата од Шуша“, информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во градот Шуша во Карабах ја потпиша Декларацијата од Шуша. Претседателот Ердоган во говорот што го одржа овде истакна дека Карабах премина во рацете на неговите сопственици и ја даде радосната вест „Како Турција во најскоро време планираме да отвориме Генерален конзулат во Шуша.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Алиев му додели 'Орден за Карабах' на Халук Бајрактар“, пишува дека во рамките на официјалната посета којашто претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ја остварува на Азербејџан, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев го одликува генералниот директор на компанијата „Бајкар“ Халук Бајрактар со „Орден за Карабах“. „Орденот за Карабах“ му е доделен на Халук Бајрактар за големата улога што ја одиграа наоружаните беспилотни летала (СИХА) производени од страна на компанијата „Бајкар“ во извојуваната победа во Карабах.

„Пофалба од германскиот печат за Селчук Бајрактар“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Јени Шафак“, кадешто се истакнува дека германскиот весник „Ханделсблат“ во објавениот напис во врска со наоружаните беспилотни летала (СИХА) со кои располага Турција упати пофалба до Селчук Бајрактар, техничкиот директор на компанијата„Бајкар“. Во написот на овој германски весник меѓу другото се вели следното: „41-годишниот турски претприемач Селчук Бајрактар обезбеди неговата земја да располага со подобри карти во евентуалните војни и успеа да го налути својот сосед Русија.“

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Турција се искачува на горните позиции во светот во хидроелектичната енергија“, информира дека Турција минатата година со инсталирање на нов капацитет за хидроелектрична енергија од 2.480 мегавати го продолжи водството во Европа, а воедно се искачи на второто место во светот.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Значајна прилика за Турција“, пишува дека Кристиан Карарето, заменик директорот за зелена економија и климатски акции на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР или EBRD) го рече следното: „Побарувачката од хидроген моментално претежно произлегува од Европа. Од тој аспект би можело да се произведува хидроген во Турција и да ѝ се продава на Европа.“

 



Слични вести