Турски печат 14.06.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција…

1657258
Турски печат 14.06.2021

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Ердоган: Ќе ја побараме сметката од ПКК/ЈПГ за нападот врз болницата“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој вчера на одржаната прес-конференција пред да отпатува за главниот град на Белгија, Брисел, за Самитот на НАТО, во врска со реализираниот напад од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ врз болницата во подрачјето на Африн во северозападниот дел на Сирија, го рече следното: „Терористичкиот напад покажа каква подла и ѕверска организација е ПКК/ЈПГ. Ќе ја побараме сметката за секоја пролеана капка крв од страна на овие понизни кои ги масакрираат невините луѓе во нашата земја, цивилите во Сирија и нашите курдски браќа во Ирак.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Тежок удар од Турските вооружени сили (ТВС) врз терористичката организација во Тел Рифат“, пишува дека по реализираниот напад од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ врз болницата во подрачјето на Африн во северозападниот дел на Сирија, турските војници „Мехметчик“ отворија оган врз целите на терористите во подрачјето на Тел Рифат. Во отворениот артилериски и топовски оган се уништени три т.н. штабни згради, едно засолниште и една наоружена позиција користени од страна на терористите, а воедно се неутрализирани и голем број терористи.

„Порака од Акар во врска со Либија: Светот не треба да го заборави тоа“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Сабах“, кадешто им се одделува место на следните зборови на министерот за национална одбрана Хулуси Акар за време на остварената посета на Либија. Министерот Акар рече: „(Милициските сили на пучистот Хафтар) Ги измасакрираа учениците, питомци во Военото училиште, стотици луѓе закопаа во масовни гробници. Семејствата на тие луѓе се во длабока тага. Светот не треба да го заборави тоа.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Немаше да имаме поголема шанса против турските наоружани беспилотни летала (СИХА)“, информира дека потполковникот Михаел Карл од германскиот Институт за одбранбени и стратешки истражувања во направената проценка на можноста т.е. сценариото германската армија да војуваше во Нагорно Карабах против Азербејџан, го рече следното: „Немаше да имаме поголема шанса  против турските наоружани беспилотни летала (СИХА).“

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Раст од 28 отсто на секторите за намештај, хартија и шумски производи“, пишува дека извозот на намештај, хартија и шумски производи на Турција во првите 5 месеци од оваа година (во периодот јануари-мај, 2021 година) во споредба со истиот петмесечен период минатата (2020) година со остварен раст од 28 отсто достигна до 2,6 милијарди долари од кои 1,6 милијарди долари го сочинува извозот на намештај. Пет земји во кои е остварен најголем извоз на намештај се Германија, Соединетите Американски Држави (САД), Франција, Израел и Ирак.

 



Слични вести