Турски печат 10.06.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција…

1655120
Турски печат 10.06.2021

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Порака од Турција и Киргистан за соработка во борбата против ФЕТО“, информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера во Анкара одржа заедничка прес-конференција со претседателот на Киргистан Садир Џапаров кој допатува во посета на Турција. Претседателот Ердоган во говорот што го одржа во оваа пригода го рече следното: „Ја разгледавме борбата против терористичките организации, а пред се против Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО). Едногласни сме во однос на тоа дека ФЕТО претставува национална безбедносна закана и за двете земји.“ Претседателот Ердоган, воедно го подвлече следното: „Рамо до рамо ќе ја надминеме оваа закана.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Чавушоглу: САД се желни за соработка со Турција“, им одделува место на изјавите на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој истакна дека Соединетите Американски Држави (САД) се желни за соработка со Турција не само по прашањата на Либија и Сирија, туку во бројни сфери од Средоземното Море до Црното Море и до Кавказ. Нагласувајќи дека постојат алтернативи по прашањето на набавката на противвоздушно одбранбените системи, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „Доколку САД не даваат гаранција по прашањето на Патриот, би можеле да купиме противвоздушен одбранбен систем и од нашите сојузници.“

„Печатот на САД: Поддршката на ПКК/ЈПГ претставува голем проблем“ гласи насловот на страниците на денешниот весник „Стар“, кадешто му се одделува место на еден напис објавен во печатот на Соединетите Американски Држави (САД). Според веста, во написот се истакнува дека поддршката којашто ѝ се дава на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ во северниот дел на Сирија создава голем проблем во односите со Турција. Во написот се вели дека Соединетите Американски Држави (САД) треба да ги согледаат грижите на нивниот сојузник Турција, по прашањето на погрешното партнерство со ПКК/ЈПГ,  а воедно се подвлекува следното: „Соодветниот храбар потег на американскиот претседател Џо Бајден во оваа точка, би можел во значителна мера да ги подобри билатералните односи. Тоа е суштината на работата.“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Претставен националниот борбен авион на Турција“, информира дека националниот борбен авион на Турција се изложува на 3. Саем за продуктивност и технологија што се одржува во Анкара. Му се посветува голема заинтересираност на авионот којшто е претставен за прв пат. Националниот бробен авион на Турција ќе може да лета со брзина од 1,8 мачи и до надморска височина од 55 илјади фити. На тој начин, по САД, Русија и Кина, Турција ќе произведе петта генерација бробен авион којшто располага со мала видливост, голема способност на маневар и вештачка интелигенција. Националниот борбен авион на Турција се планира да биде изнесен од ангарот во 2023 година.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Турската вакцина во својата последна фаза“, им одделува место на изјавите на министерот за здравство Фахреттин Коџа кој истакна дека во Турција продолжуваат да се реализираат голем број проекти за развој на вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19) од кои во едната е стигнато до последна фаза. Министерот Фахреттин Коџа рече: „Следната недела ќе ги вакцинираме нашите доброволци за испитувања врз луѓе во третата фаза од нашата домашна вакцина. Турската вакцина е дојдена во својата последна фаза.“

 



Слични вести