Турски печат 09.06.2021

Денешните турски весници опишрно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1654446
Турски печат 09.06.2021

 

Новинскиот веб портал „Хабер Турк“ во веста под наслов „Портпаролот Калин остро реагираше на исламофобичниот напад во Канада“ ја објавува изјавата на портпаролот на претседателството Ибрахим Калин кој остро реагираше на убиството на 4 члена на муслиманско семејство во Канада поради исламофобични причини. Портпаролот Калин рече: „Ова е последниот пример за тоа како измислениот страв ќе се претвори во омраза, а омразата ќе се претвори во непријателство и насилство. Овој страшен тренд и варварство мора да се запрат“.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов  „Договор за потврда за вакцинација меѓу Турција и Мароко“ истакнува дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу преку видео конференција оствари средба со мароканскиот министер за надворешни работи Насер Бурита. На средбата, беше одлучено заемно да се признаат сертификатите за вакцини во рамките на борбата против новиот тип на епидемија на коронавирус (Ковид-19).

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Количината на товар пренесена од железничката линија Баку-Тбилиси-Карс надмина 1 милион тони“ ја објавува изјавата на министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисамилоглу кој рече дека до денес се пренесени околу 1 милион тони товар преку железничката линија Баку-Тбилиси-Карс (БТК), која ги поврзува Азија и Европа.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Извозот на морски производи надмина половина милијарда долари“ истакнува дека турскиот сектор на морски производи, кој привлече внимание со своите извозни перформанси во последниве години, својот пазар во првите 5 месеци од годината го зголеми за 38 отсто и оствари извоз од 522 милиони долари продажба во странство.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Турските одбојкарки (наречени Султанки на мрежата) ја совладаа Русија“ истакнува дека турската национална репрезентација во одбојка жени ја победи Русија со 3:2 во третиот и последен натпревар од 3-та недела од Лигата на нации на ФИВБ што се одржа во Римини, Италија.



Слични вести