Турски печат 08.06.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција…

1653647
Турски печат 08.06.2021

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу: Нашите односи со Франција имаме за цел да ги зајакнеме на основа на взаемно почитување“, истакнува дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во врска со остварената средба со својот француски колега Жан-Ив Ле Дријан вчера во главниот град на Франција, Париз кадешто престојуваше во официјална посета, на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Со Ле Дријан ги разгледавме мултидимензионалните билатерални односи, како и регионалните и меѓународните случувања. Имаме за цел нашите односи со Франција да ги зајакнеме на основа на взаемно почитување.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез: Можеме да откриеме дополнителни резерви“, им одделува место на изјавите на министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез кој истакна дека Турција од положба на земја потрошувач напредува кон положба на земја производител. Министерот Фатих Донмез го рече следното: „Во моментов работиме во североисточниот дел на гасното поле Сакарја. Можеби во текот на оваа година би можеле да ископме сондажна бушотина со истражувачка цел во јужниот и западниот дел на оваа локација.“

„Турција стана земја со најголем раст во дигиталните рекламни инвестирања во Европа“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Хабертурк“, кадешто се истакнува дека дигиталните рекламни инвестирања во Европа со раст од 6,3 отсто достигнаа до 70 милијарди евра така што Турција со раст од 34,8 отсто стана земја со најголем остварен раст меѓу 28 земји.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Дојде во Турција и внимателно ги разгледа наоружаните беспилотни летала (СИХА)“, информира дека вицепремиерот и министер за одбрана на Летонија Артис Пабрикс вчера допатува во посета на Турција кадешто ги посети Постројките за истражување и производство на националните наоружани беспилотни летала и беспилотни летала (СИХА/ИХА) на компанијата „Бајкар“. Артис Пабрикс на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Турската индустрија располага со најголеми светски стандарди на истражување и развој. Како НАТО сојузници му придаваме големо значење на тоа.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „За 5 месеци патуваа по воздушен пат 30 милиони патници“, пишува дека според соопштените статистички податоци од страна на Генералната дирекција за стопанисување со државните аеродроми за авионски летови, патници и товар во врска со периодот јануари-мај, бројот на патници кои патуваа во Турција по воздушен пат за 5 месеци изнесува приближно 30 милиони лица.

 



Слични вести