Турски печат 07.06.2021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1652924
Турски печат 07.06.2021

 

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Претседателот Ердоган објави! Тежок удар на терористичката организација“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган на својот профил на Твитер објави дека со успешната операција на Националната разузнавачка служба (МИТ) е неутрализиран таканаречениот висок раководител и генералниот одговорен на терористичката организација ПКК за областа Махмур (во Северен Ирак), Селман Бозкир.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Министерот Акар рече дека Турската морнарицата го собори рекордот на сите времиња“ ја објавува изјавата на министерот за национална одбрана Хулуси Акар кој рече: „Турската морнарица го сруши рекордот на сите времиња крстарејќи 200.000 часа / година. Еј славни вооружени сили, поморски сили, напишавте и додадовте нова страница во историјата“.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Има најефикасна балистичка заштита“ ја објавува изјавата на претседателот на Претседателството за одбранбена индустрија Исмаил Демир, кој на својот профил на социјалните мрежи сподели; Започна сериското производство на оклопниот пакет произведен за тенковите Леопард 2А4 и интегрирањето во тенкови. Оклопниот пакет има најефективна балистичка заштита што се користи во моментот во тенковите Леопард 2А4 во светските армии“, рече Демир.

Новинскиот портал „Хабертурк“ во веста под наслов „Нашиот извоз на морски производи достигна 1 милијарда 63 милиони долари“ ја објавува изјавата на министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли кој рече дека во 2020 година, производството на аквакултура е 785 илјади тони, а секторот достигна бројка за извоз од 1 милијарда 63 милиони долари.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „15 месечниот рекорд на Туркиш ерлајнс“ истакнува дека турскиот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ во првите 5 месеци од 2021 година беше авиокомпанија со најмногу летови во европскиот воздушен простор и со 863 летови во петокот, во последните 15 месеци достигна најголем број дневни летови.



Слични вести