Турски печат 04.06.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција…

1651489
Турски печат 04.06.2021

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Очекувањето на Турција од САД“, информира дека портпаролот на владејачката Партија за правда и развој (АК Партијата) Омер Челик во дадената изјава во врска со средбата којашто претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе ја оствари со претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден на 14 јуни во главниот град на Белгија, Брисел, истакна дека сферите на соработка меѓу двете земји се многу побројни во споредба со спорните сфери. Омер Челик рече дека Соединетите Американски Држави (САД) треба да се откажат од пружање заштита на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) и да не и даваат поддршка на ПЈД/ЈПГ, сирискиот продолжеток на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Турските наоружани беспилотни летала (СИХА) не отпаѓаат од дневниот ред во светот“, пишува дека американскиот весник „Вол Стрит Џорнал“ („The Wall Street Journal “) на својата насловна страница објави вест во врска со турските наоружани беспилотни телата (СИХА) „Бајрактар ТБ2“ („Bayraktar TB2“). Во веста на овој весник, се истакнува дека наоружаните беспилотни летала од турско производство наново ги обликуваа бојните полиња. Се привлекува внимание на перформансот и погодната цена на турските наоружани беспилотни летала „Бајрактар ТБ2“ и се вели дека Турција состојбата во Сиирја, Либија и Азербејџан ја сврте во сопствена полза. 

„Трговска и економска соработка помеѓу Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК)“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Ватан“, кадешто се истакнува дека вчера беше потпишан протокол за развивање на трговската и економската соработка помеѓу Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК). Министерот за трговија Мехмет Муш кој говореше на церемонијата на ставање потпис на протоколот истакна дека Турција која со своето 84 милионско население, географската местоположба и внатрешниот пазар од голем обем, е во положба на регионална база на голем број меѓународни компании е во својство на врата на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) којашто се отвора кон светот.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Татар: Ќе го продолжиме добронамерниот и конструктивен став на Кипар“, информира дека претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар оствари средба во виртуелна средина преку интернет, со кипарско-грчкиот лидер Никос Анастасиадис. Во оваа пригода, претседателот Ерсин Татар истакна дека ќе го продолжат добронамерниот и конструктивен став во потрагите по соработка помеѓу двете страни, за просперитетот и стабилноста на регионот. Татар појасни дека истиот позитивен приод го очекуваат и од своите соговорници, а како што рече за одбрана на интересите на двата народи кои живеат на островот.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Турција, нова адреса на еколошкиот туризам“, пишува дека Турција ќе стане нова адреса на еколошкиот туризам којшто се истакнува во светот. Така туристите кои со 110 утврдени рути во рамките на планот за акција за 2021-2025 година на Генералната дирекција за шумарство на Турција, сакаат да останат насамо со природата, со помош на овие утврдени рути освен тоа што ќе поминат здрав одмор ќе се стекнат со можност да ги видат и историските и културните знаменитости на животната средина. Туристите ќе можат да ги прошетаат сиве овие наведени рути со посредство на мобилна апликација.

 



Слични вести