Турски печат 01.06.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција…

1649400
Турски печат 01.06.2021

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Забраната за излегување на улица во текот на целиот ден сведена на еден ден“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој по одржаниот состанок на претседателскиот кабинет, вчера, го соопшти календарот за „постепена нормализација“ што ќе се применува во месец јуни во борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19). Според тоа, забраната за движење (забраната за излегување на улица) во работните денови и во сабота ќе започне од 22:00 часот вечер, додека во сабота вечер ќе започне од 22:00 часот вечер и ќе трае до 05 часот наутро во понеделник. Претседателот Ердоган истакна дека голем број претпријатија и работни места на чело со секторот за угостителство со исклучок на недела, во текот на 6 дена во неделата ќе можат да пружаат услуга од 07:00 часот наутро до 21:00 часот навечер.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Изјава од Чавушоглу во врска со САД“, пишува дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за време на посетата на Атина ја даде следната изјава: „Кај новата управа на САД постои обид за воспоставување на подобри односи, подобар дијалог и подобра врска со Турција. Системите С-400 100 посто ќе бидат под наша контрола. Не е можно да се прифати предлогот на друга земја да не ги употребуваме. (Американскиот претседател Џо) Бајден преку телефон му рече на нашиот претседател 'ако сакате и вие, ние сакаме да работиме одблизу со вас, меѓутоа треба да ги надминеме нашите присутни проблеми.“

„НАТО, восхитен од турските војници“ гласи веста на страниците на весникот „Хабертурк“, кадешто се истакнува дека турските војници кои учествуваат на воената вежба на НАТО „Steadfast Defender Europe 2021“ („Бранител Европа 2021“) што се одржува во Романија и на која учествуваат повеќе од 30 илјади воен персонал од 26 земји, предизвикаа восхит кај НАТО. Од страна на НАТО се говореше со пофалби за хигиената во теренската кујна, купатилата, тоалетите и други простории коишто беа изградени од страна на турските војници.  

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Светот говори за беспилотните летала (ИХА) Каргу-2“, информира дека еден нов извештај објавен од страна на Обединетите нации (ОН) соопшти дека беспилотните латала (ИХА) Каргу-2 од турско производство фрлија потпис на новина во светската историја. Деталите коишто се појавија на преден план во победата на турските беспилотни летала (ИХА) Каргу-2 со вештачка интелигенција против силите на пучистот Хафтар во Либија, се најдоа на дневниот ред на светскиот печат.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Турција со остварениот раст во првиот квартал се најде на врвот меѓу земјите на ОЕЦД“, пишува дека Турција со перформансот од 7 отсто економски раст што го оствари во првиот квартал на годината, на годишна база, стана земја со најголем остварен економски раст меѓу земјите на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

 



Слични вести