Турски печат 31.05.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција…

1648612
Турски печат 31.05.2021

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Чавушоглу: Откажете се од картата од Севиља“, инфомира дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во интервју за грчкиот весник „То Вима“ пред да ја започне посетата на Грција, меѓу другото се осврна и на т.н. „карта од Севиља“ подготвена од страна на Грција со којашто се тврди дека според доминацијата (сферата на влијание) на Грција во Источниот Медитеран „островите“ располагаат со свој континентален гребен. Чавушоглу во врска со оваа контроверзна карта го рече следното: „Грција треба да се откаже од 'картата од Севиља'. Треба да го повторам тоа дека да се мисли оти Турција ќе остане ограничена само со егејските и средоземноморските крајбрежја е погрешна пресметка којашто се прави од страна на Грција.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Министерот Караисмаилоглу рече дека ќе работат заедно со Азербејџан во изградбата на Карабах“, им одделува место на изјавите на министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу кој истакна дека ќе ги споделат искуствата и знаењата на Република Турција во однос на изградбата на Карабах и ќе работат заедно со Азербејџан по ова прашање.

„Гигантската компанија почна со производство на телефони во Турција“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Ватан“, кадешто им се одделува место на изјавите на министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк кој информира дека технолошкиот гигант „TCL“ кој ги обедини своите сили со турската компанија „Арчелик“ почна со производство на умни телефони во Текирдаг. Министерот Мустафа Варанк го упати следниот повик до глобалните брендови: „Не мислете само на пазарот во Турција, мислете и на извозот од Турција.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Успешно ги помина тестовите за возење и стрелање“, информира дека како што изјави претседателот за одбранбена индустрија Исмаил Демир, во рамките на проектот за модернизација на оклопното борбено возило „ЗМА“ („ZMA“) којшто е започнат за Командата на копнените сили успешно се реализирани тестовите за возење и стрелање со прелиминарниот прототип на возилото чие производство е завршено.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Анадолу Ефес шампион во Евролигата! Ергин Атаман премина во историјата“, пишува дека Анадолу Ефес кој по втор пат во својата историја играше во Евролигата Туркиш Ерлајнс, ја победи силната шпанска екипа Барселона со резултат од 86:81 и стана шампион во Евролигата. Главниот тренер на Анадолу Ефес Ергин Атаман премина во историјата како прв турски тренер кој го освои пехарот во Евролигата.

 



Слични вести