Турски печат 28.05.2021

Денешните турски весници опишрнo пишуцаат за актуелните случувања во земјава и светот

1647165
Турски печат 28.05.2021

 

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Радосна вест од претседателот Ердоган за нафтата“ истакнува дека вчера претседателот Реџеп Тајип Ердоган ја објави радосната вест за нафтата. Ердоган рече дека по откривањето на 405 милијарди кубни метри гас во Црното Море, почнале да ги добиваат резултатите од активностите во копнените области: „Во последниот 1 месец откривме нафта во 3 нови извори“.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Министерот Чавушоглу: Мора да најдеме ефикасни средства за окончување на неказнивоста на Израел“ ја објавува изјавата на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој вчера одржа говор на специјалната седница на Советот за човекови права на Обединетите нации за Палестина, велејќи: „Ние мора да најдеме ефикасни средства за окончување на неказнивоста на Израел“.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Јасна порака од Турција до ЕУ“ истакнува дека портпаролот на претседателството Ибрахим Калин, во вчерашната изјава, ја истакна важноста на Самитот на Европската унија (ЕУ) што ќе се одржи во јуни и рече: „Оттаму очекуваме да бидат преземени конкретни чекори во однос на очекувањата на Турција. Ова барање ќе го пренесеме повторно“.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „СИДА го испука првиот истрел“ истакнува дека вооруженото беспилотно морско пловило (СИДА), првата платформа од серијата „ULAQ“  кое беше развиено во заедничка соработка со турските компании за одбранбена индустрија, вчера го испука првиот истрел во рамките на вежбата „Морски волк 2021“ на Егејот и Источниот Медитеран.

Новинскиот портал „Хабер Турк“ во веста под наслов „На Егејот започна туристичката раздвиженост“ истакнува дека на летувалиштата на бреговите на Егејот започна туристичката сезона. „Имаме сериозни резервации од Германија, Холандија, Белгија и Кина“, рече Орхан Белге, потпретседател на Здружението за туристички претпријатија и сместување во Егејот.



Слични вести