Турски печат 24.05.2021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1644376
Турски печат 24.05.2021

 

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Објавени се илјадници твитови. „#ErdoganlaBirlikteyiz“ (#НиесмезаедносоЕрдоган)  истакнува дека објавите со етикета „#ErdoganlaBirlikteyiz“ (#НиесмезаедносоЕрдоган) објавени од страна на илјадници луѓе во знак на поддршка на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, се најдоа на агендата на Твитер. Голем број луѓе, вклучително и пратеници, извршни директори на невладини организации, ги поддржаа објавите со етикета „НиесмесоЕрдоган“ објавени за поддршка на Ердоган на Твитер. Во тој контекст, бројот на објавени твитови досега надмина 250 илјади.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Добри вести за антителата во домашната вакцина“ истакнува дека според извештајот од фазата 2 доставен до Министерството за здравство за домашен кандидат за вакцини против новиот вид коронавирус (Ковид-19) развиена во Кајсери, утврдено е дека кај сите 250 волонтери во рамките на истражувањата е утврдено дека се формирани антитела. Доколку успешно завршат двата процеси во првата неактивна вакцина, во септември вакцината може да биде одобрена за итна употреба.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Руските туристи истакнуваат дека сакаат да дојдат во Турција“ истакнува дека руските туристи, пред да започне летната сезона сакаат да започнат летовите со Турција, една од земјите што најмногу ја посетуваат во странство. Наведувајќи дека многу ја сакаат Турција, руските туристи изразија надеж дека сегашните ограничувања на Ковид-19 ќе бидат укинати што е можно побрзо. Руските туристи, Турција ја сметаат за идеална земја во однос на климата, местата за забава и поволниот буџет.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Бешикташ во Лигата на шампионите“ истакнува дека е елиминиран ризикот шампионот на Суперлигата, Бешикташ, да не може да учествува директно во Лигата на шампионите. Црно-белите се здобија со право на директно учество во групната фаза од Лигата на шампиони, бидејќи Челси ја заврши лигата меѓу првите четири најдобри во англиската Премиер лига.

Новинскиот веб портал „Хабер Турк“ во веста под наслов „Лил во Франција стана шампион со Турците“ истакнува дека францускиот ФК Лил, кој го совлада Анже со 2-1 на гостувањето во последната недела од Лига 1 во Франција, ја освои шампионската титула. Турскиот репрезентативец Бурак Јилмаз, кој е познат со прекарот Крал, го постигна вториот гол на Лил. Лил, која има 4 турски фудбалери во својот персонал, шампионската радост во својата историја ја доживеа по 4 пат. Бурак Јилмаз на теренот излезе со турско знаме. Името на Бурак Јилмаз, кој го одбележа шампионатот со вкупно 16 погодоци, беше извикувано по улиците на Франција.



Слични вести