Турски печат 21.05.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција…

1642968
Турски печат 21.05.2021

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Впечатлив говор од Чавушоглу пред ОН“, пишува дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во говорот што го одржа на вчерашната седница за Палестина пред Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) истакна дека треба да се мобилизира меѓународната заедница за да се стави крај на окупацијата на Израел на териториите на Палестина. Министерот Чавушоглу му ја објасни на светот патната карта за решение, а воедно велејќи дека Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) не може да ги исполни своите одговорности, го рече следното: „Да се остане безгласен пред неправдата значи исто да се биде соучесник во злосторството коешто се врши.“ 

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Флеш изјави од министерот Сојлу“, им одделува место на изјавите на министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу кој во дадената изјава вчера истакна дека Турција му одржува лекција на светот во борбата против тероризмот. Министерот Сулејман Сојлу, го рече следното: „Ги потиснавме на терен сите терористички организации. Особено во последно време почнавме да ги земаме т.н. високи раководители на терористичките организации. Бидејќи обрачот постепено се стеснува.“

„Изјави од министерот Коџа и проф. д-р Угур Шахин“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Хабертурк“, кадешто се вели дека министерот за здравство Фахреттин Коџа во дадената изјава вчера по состанокот на Научниот совет истакна дека е постигнат договор за 120 милиони дози вакцини „БиоНТек“. Извршниот директор на компанијата „БиоНТек“ проф. д-р Угур Шахин кој на состанокот на Научниот совет учествуваше преку видео-конференција, во своето обраќање рече: „Фрливме потпис за 120 милиони дози. До крајот на месец јуни посакуваме да испратиме 30 милиони дози. Во јули, август и септември пак, посакуваме да ја надополниме бројката од 120 милиони дози. Со Аллахова помош и дозвола ќе успееме заедно.“ 

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Турција на трето место во светот со своите 519 плажи со сино знаме“, им одделува место на изјавите на министерот за животна средина и урбанизам Мурат Курум кој истакна дека Турција оваа година со своите 519 плажи со сино знаме се најде на трето место во светот. Министерот Курум рече: „Денеска уште еднаш со право ја доживуваме гордоста од тоа што сме наградени за нашите активности. За 2023 година пак, нашата цел е да се најдеме на првото место во светот.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Бурак Јилмаз повторно стана нша гордост“, информира дека турскиот фудбалски репрезентативец кој настапува за Првата лига на Франција „Лига 1“ Бурак Јилмаз со перформансот што го покажува е избран за играч на месецот. Бурак Јилмаз беше избран за играч на месецот во првата француска фудбалска лига и во декември и април .

 



Слични вести