Турски печат 20.05.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција..

1642296
Турски печат 20.05.2021

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Цела Турција се сплоти во едно срце“, информира дека вчера по повод 19 мај, Денот на сеќавање на Ататурк и Празник на младоста и спортот кога стрелките на часовниците покажаа точно 19:19 часот граѓаните излегоа на прозорците и балконите на своите куќи и во еден глас ја испеаја националната химна. Исто така и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган од дворецот Чанкаја во Анкара заедно со спортистите репрезентативци се придружи кон пеењето на националната химна во ист момент во целата земја.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Од претседателот Ердоган до САД: Што да правиме, дали да аплаудираме?“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој одговори на соопштението на Државниот секретаријат на Соединетите Американски Држави (САД) по прашањето на масакрите во Палестина, а кое беше дочекано со реакции во Турција, го рече следното: „Институциите и државите кои му проповедаат на светот демократија, човекови права, право, правда, слобода, безбедност, немо го следат овој зулум. А нам ни велат ‘Ердоган не треба да зборува така’. А што да прави, дали да аплаудира?“

„Реакција од Министерството за надворешни работи до САД“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Јени Шафак“, кадешто се истакнува дека на соопштението на Државниот секретаријат на Соединетите Американски Држави (САД) во кое претседателот Ердоган поради острата реакција што ја покажува против израелските масакри се обвинува за вршење антисемитизам, пристигна остра реакција од Министерството за надворешни работи на Турција. Во објавеното соопштение на Министерството се упатува повик до Соединетите Американски Држави (САД) наместо да изнесуваат невистинити обвинувања да ги сопрат нападите кои што ги реализира Израел, а воедно се вели и следното: „Во целост ги отфрлуваме обвинувањата против нашиот претседател.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Споделена објава од министерот Блашчак на турско наоружано беспилотно летало (СИХА) која пробуди воодушевување“, информира дека по Украина турските беспилтони летала (ИХА) и наоружани беспилотни летала (СИХА) ќе бидат и на небото над Полска. Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак на својот профил на социјалната медија сподели фотографија на турското наоружано беспилотно летало (СИХА) Бајрактар „ТБ2“ и го напиша следното: „Добрите вести тек ќе пристигнат... Продолжете да не следите.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Германскиот печат напиша за ТЏГ Анадолу: Ќе биде новина во светот“, пишува дека првиот домашен и национален брод носач на авиони на Турција „ТЏГ Анадолу“ за прв пат се најде во фокусот на германскиот печат. Германскиот информативен веб сајт „Хеисе“ напиша за техничките карактеристики на „ТЏГ Анадолу“ којшто ќе биде првиот брод носач кој ќе ја обедини во светот силата на наоружаните беспилотни летала (СИХА) со силата на еден брод носач. „Хеисе“ напиша дека со обединувањето на оваа технологија со силата на „ТЏГ Анадолу“ турската армија неспорно ќе зајакне уште повеќе.

 



Слични вести