Турски печат 11.05.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1637761
Турски печат 11.05.2021

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Дипломатски сообраќај од претседателот Ердоган за Палестина“, пишува дека и покрај тоа што злосторството против човештвото коешто Израел го врши во Палестина е дојдено во состојба на една од главните точки на дневниот ред во светот, земјите не можат да одат потаму од објавување на пораки со осудување. Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган стапи во акција за стопирање на масакрот во Ерусалим (Кудс) и Газа. Претседателот Ердоган започна телефонска дипломатија во чии рамки најпрвин оствари телефонски разговор со јорданскиот крал Абдулах Втори, а веднаш потоа и со кувајтскиот емир Шеик Наваф ал-Ахмед ал-Џабир ал-Сабах.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Ердоган ја активира меѓународната заедница“, им одделува место на изјавите на шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун кој истакна дека претседателот Ердоган успеа вниманието на сите меѓународни институции и држави во светот на чело со Обединетите нации (ОН) да го привлече кон државниот терор што го спроведува Израел. Фахреттин Алтун го рече следното: „Нема повеќе да останеме посматрачи светот да игра три мајмуни пред овој зулум. Нема да дозволиме Палестина да се окупира чекор по чекор.“

„Заедничка осуда против Израел од 5 партии“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хабертурк“, кадешто се истакнува дека пратеничките групи во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ), Партијата за правда и развој АКП (АК Партијата), Републиканската народна партија (ЏХП), Демократската партија на народите (ХДП), Партијата за националистичко движење (МХП) и Партијата ИЈИ, објавија заедничко соопштение со кое ги осудија нападите на Израел врз Месџид-и Акса. Во заедничкото соопштение се упатува повик до целиот свет меѓународната заедница без да губи повеќе време да стапи во акција за влијателен и ефикасен резултат против применувањата на Израел, во спротивност со меѓународното право.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Турција се сплоти во едно срце против Израел“, информира дека турскиот народ излезе на улиците против реализираните напади на Израел врз Палестина и Месџид-и Акса. Во голем број градови илјадници лица покажувајќи реакција против нападот на израелската полиција врз Месџид-и Акса и Палестинците, формираа конвоји со возила. Голем број турски граѓани со турски и палестински знамиња во рацете и со дови (молитви) ја изразија својата поддршка на Палестина.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Во Либија има големи можности за Турција“, им одделува место на изјавите на амбасадорот на Турција во Триполи Кенан Јилмаз кој истакна дека билатералните односи помеѓу Турција и Либија ќе продолжат по добар пат и дека во Либија има големи можности пред турските бизнисмени. Амбасадорот Јилмаз рече: „Во економската сфера има големи можности пред нашите турски бизнисмени, извозници и инвеститори. Јас ги поканувам да дојдат во Либија.“

 



Слични вести