Турски печат 10.05.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција..

1637113
Турски печат 10.05.2021

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Порака од Ердоган до Европската унија (ЕУ)“, информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во пораката што ја објави вчера по повод 9 мај - Денот на Европа истакна дека најголема пречка пред Европската унија (ЕУ) за да стане силен глобален актер е недостатокот од стратешка трпеливост и визија. Ердоган рече: „Очигледно е дека без придонесот и поддршката на нашата земја Унијата не може да го одржи своето силно постоење.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „ЕУ ќе биде посилна со силна Турција“, пишува дека заменик министерот за надворешни работи и претседател за Европска унија (ЕУ) амбасадорот Фарук Кајмакчи исто така објави видео порака по повод 9 мај - Денот на Европа. Кајмакчи, во видео пораката укажувајќи дека минатото на Турција и Европа е заедничка, истакна дека страните треба заедно да ја изградат и иднината. Фарук Кајмакчи рече: „Веруваме дека ЕУ може да биде посилна со силна Турција и дека би можела да биде глобален актер.“ 

„Министерот Донмез соопшти: Домашниот литиум ги помина успешно тестовите“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Ватан“, кадешто се истакнува дека домашниот литиум којшто е произведен од отпад од течен бор помина успешно од тестовите спроведени од страна на Акционерското друштво Индустрија и трговија на воени батерии (АСПИЛСАН), како еден од најголемите производители на батерии на Турција. Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез исто така во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Литиумот на Турција го помина испитот со 100 поени. Високите технолошки производи на Турција ќе најдат сила со домашен литиум.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Туркиш Ерлајнс повторно лидер во Европа“, информира дека Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) на 6 мај ја зачува лидерската позиција во Европа со дневно остварени по просечно 504 летови. Според извештајот на Европската организација за безбедност на воздушната навигација (ЕУРОКОНТРОЛ) за сообраќајот на летови, по Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) со дневно остварени по просечно 504 летови, на второ место се наоѓа „Ер Франс“ со 392 летови.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Раст од 28 отсто на автомобилската индустрија во периодот јануари-април“, истакнува дека вкупното производство на автомобилската индустрија на Турција во првите четири месеци од годината во споредба со истиот период минатата година со раст од 28 отсто се зголеми на 415.187 возила, додека производството на автомобили со раст од 18 отсто достигна до 288.211 возила.

 



Слични вести