Турски печат 07.05.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција..

1635682
Турски печат 07.05.2021

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Изјава од Чавушоглу за Египет: Ќе продолжи“, им оделува место на изјавите на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој истакна дека експлораторските (истражувачки) разговори во својство на зближување помеѓу делегациите на Турција и Египет во Каиро поминаа во позитивна атмосфера. Нагласувајќи дека претходно и самиот по повод различни поводи оствари контакти со египетскиот министер за надворешни работи Самих Шукри, министерот Мевлут Чавушоглу рече: „Во наредниот период ќе продолжат разговорите по прашањето на нормализацијата на односите и чекорите коишто би можеле да се преземат.“ 

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Повик од Турција до меѓународната заедница во врска со Израел“, пишува дека турското Министерство за надворешни работи ја повика меѓународната заедница да покаже реакција против обидите на Израел за проширување на незаконските населелби на Западниот Брег и во Ерусалим (Кудс).

„Вакцината на Турција на списокот на Светската здравствена организација (СЗО)“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Стар“, кадешто им се одделува место на изјавите на проф. д-р Хасан Мандал, претседателот на Институцијата за научни и технолошки истражувања на Турција (ТУБИТАК), кој соопшти дека на списокот на Светската здравствена организација (СЗО) влезе и иновативната инактивна вакцина против коронавирусот на која работат турските научници. Претходно на списокот на Светската здравствена организација (СЗО) влезе и ВЛП вакцината која се базира на честички слични на вирус. 

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „САД оваа година на прво место во извозот на турскиот одбранбен и воздухопловен сектор“, информира дека во првите четири месеци од годината од Турција е остварен извоз на производи на одбранбената и воздухопловната индустрија во износ од приближно една милијарда долари. На прво место во оваа продажба се наоѓаат Соединетите Американски Држави (САД) со 386,1 милион долари.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „По Украина, во Турција доаѓа и делегација од Русија“, пишува дека како што изјави заменик министерот за култура и туризам Надир Алпаслан, украинската делегација која минатата недела престојуваше во Турција ја оцени за успешна програмата Сертификат за безбеден туризам. Заменик министерот Надир Алпаслан рече: „Таква студија имаме и кон Русија. Би можеле да се состанеме со руската делегација пред Рамазан Бајрам.“

 



Слични вести