Турски печат 06.05.2021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1634885
Турски печат 06.05.2021

 

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Грција продолжува со своите провокативни акции“ истакнува дека вчера претседателот Реџеп Тајип Ердоган одржа видео конференција со германската канцеларка Ангела Меркел. Ердоган на средбата со Меркел, ја предупреди во однос на Грција за прогонот на имигрантите во Егејското Море која продолжува со своите провокативни акции насочени кон Турција.

Новинскиот веб портал „Хабер Турк“ во веста под наслов „Либија го почитува договорот со Турција“ ја објавува изјавата на либискиот премиер Абдулхамид Дибејбе кој рече дека неговата земја има несогласувања со Грција во врска со „Меморандумот за разбирање за ограничување на поморските надлежности“ потпишан со Турција. Истакнувајќи дека тие ќе го почитуваат меморандумот, Дибејбе рече: „Нема да го напуштиме овој договор кој е во интерес и им служи на Либијците“.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Претседателот на ТРСК Татар акцентираше на единството и солидарноста на граѓаните“ истакнува дека претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар изјави дека неговите предлози засновани на суверена еднаквост на Кипар предизвикаа големи реперкусии: „Гледаме дека грчката администрација започна голема операција против ТРСК, Кипарските Турци и мене. Од моите граѓани очекувам да бидат внимателни на сите видови провокации и провокативни вести и да го заштитиме нашето единство и солидарност. Не се сомневам дека заедно ќе достигнеме посветла иднина“.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Турција удри белег на состанокот на ЕУ“ истакнува дека за време на заедничката прес конференција на Оливер Вархели, Еврокомесарот одговорен за проширување со албанскиот премиер Еди Рама на церемонијата на испорака на вакцините испратени од ЕУ во Албанија во Тирана, патнички авион на Туркиш ерлајнс (ТХЈ) почна да напредува по пистата. Двајцата лидери се насмевнаа, повторувајќи го името на Туркиш ерлајнс. Снимките емитувани во живо на телевизиските канали за кратко време многу пати беа споделени на социјалните мрежи, а беа објавени и коментари дека „турската надворешна политика кон Балканот не можеше подобро да се прикаже“.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Голема чест на фудбалскиот репрезентативец Бурак Јилмаз во Франција“ истакнува дека турскиот фудбалски репрезентативец Бурак Јилмаз, кој игра во француската екипа Лил во 1-та фудбалска лига (Лига 1), беше избран за фудбалер на месец април во тимот. 35-годишниот центарфор постигна 3 гола на 4 натпревари што ги одигра во април. Бурак Јилмаз беше избран за фудбалер на декември во Лил. Бурак Јилмаз, кој оваа сезона во Лига 1 постигна вкупно 13 голови на 25 натпревари, е најдобар стрелец на тимот.



Слични вести