Турски печат 05.05.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1634176
Турски печат 05.05.2021

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Мехметчик на местото за кое се велеше дека таму не може да се влезе“, пишува дека турските војници Мехметчик во реализираните операции „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ коишто се спроведуваат против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак изврши десант на планината Кандил и на ридот Зендуре за којшто поддржувачите на терористите велеа дека таму „не може да се влезе“ и којшто располага со стратешко значење. Базите на терористите се ставени под контрола. Терористите од оваа област повремено извршуваа акции за префрлување во воените бази на границата на Турција.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Присуството на Турција во Либија е значајно“, им одделува место на изјавите на министерот за национална одбрана Хулуси Акар кој истакна дека Турција своите активности во Источниот Медитеран ги продолжува во склопот на договорот за морска надлежност со Либија и го рече следното: „Иницијативите на Грција за доведување на овој договор во неважечка состојба се залудни.“ Министерот Хулуси Акар нагласи дека присуството на Турција во Либија е од животно значење од аспект на одбраната на правата и интересите во Источниот Медитеран.

„Расте семејството за извоз на Турција“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Јени Шафак“, кадешто се истакнува дека во перформансот на извозот на Турција значајна улога одигрува растот на бројот на претпријатијата коишто делуваат во оваа насока. Во април 2.444 фирми за прв пат реализираа извоз. Во првите четири месеци од оваа година 6.788 фирми фрлија потпис на извоз во вкупен износ од 345 милиони долари. Значајно влијание во рекордите коишто ги соборува извозот во последните месеци, имаат фирмите коишто тек наново почнаа да остваруваат извоз.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Азербејџан, сите цели еден по еден ги уништи со турските наоружани беспилотни летала (СИХА)“, информира дека азербејџанската армија реализира воена вежба со турските наоружани беспилотни летала (СИХА) „Бајрактар“. На споделените снимки од страна на азербејџанското Министерство за одбрана се гледа како наоружаните беспилотни летала (СИХА) „Бајрактар“ се вадат од ангарите, се носат на пистата и од страна на надлежните се контролираат и снабдуваат со гориво. Наоружаните беспилотни летала (СИХА) коишто полетаа во рамките на воената вежба ги утврдија и уништија демонстративните непријателски цели.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Туркиш Ерлајнс и покрај епидемијата забележа раст“, пишува дека во периодот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) кога светските гиганти соопшти заработка во првиот квартал на годината во период кога светските гиганти трпат загуби, Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) соопшти заработка. Претседателот на Управниот одбор на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) Илкер Ајџи рече: „Ќе продолжиме да зајакнуваме на небото.“ Инаку, германската авиокомпанија „Луфтханса“ во првите три месеци од оваа година соопшти загуба од 1 милијарда евра, додека швајцарската авиокомпанија „Свис Ер“ загуба од 350 милиони евра.

 



Слични вести