Турски печат 04.05.2021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1633406
Турски печат 04.05.2021

 

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Реакција од портпаролот на АК Партијата Омер Челик до Анастасиадис: Ние го враќаме ова непочитување какво што е“ ја објавува изјавата на портпаролот на Партијата за правда и развој (АК партија), Омер Челик, во врска со изјавите на лидерот на кипарските Грци, Никос Анастасијадис, насочени кон Турција. Челик рече: „Ние го враќаме ова непочитување кон Република Турција и нашата нација“. Челик, во својата вчерашна изјава рече: „Ако е прашање прифаќањето кипарските Грци да бидат играчка во рацете на Европската унија (ЕУ), тогаш нека им е аирлија“.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Одговор како шамар на претседателот на ТРСК Татар до грчкиот лидер Анастасијадис“ истакнува дека Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), Ерсин Татар, на водачот на кипарските Грци, Никос Анастасијадис, кој предлогот за решение заснован на соработката на двете еднакви суверени држави, што тие го презентираа на неофицијалниот состанок 5 + ОН, што се одржа во Женева на 27-29 април, го опиша како „ароганција“, му порача да се погледне во огледало и да се види кој е дрскиот“.

Веснико „Сабах“ во веста под наслов „Успешно реализирана обуката за стрелање на мобилен тенк ВОЛКАН-М“ истакнува дека турската компанија за вое електронска индустрија АСЕЛСАН, Системот за стрелање ВОЛКАН-М го тестиранше со тенкот М60ТМ. Исмаил Демир, претседателот на Дирекцијата за одбранбена индустрија при претседателството, во објавата на својот профил на Твитер, истакна дека тие обезбедија модернизација на тенковите М60ТМ во пописот на турските вооружени сили и национализирање на сите нивни компоненти.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Најголем извоз остварен во автомобилската индустрија“ истакнува автомобилската индустрија во април оствари најголем извоз и достигна 2 милијарди 465 милиони 647 илјади долари. Топ 3 земји во кои беше остварен најголем извоз во април беа Германија со 1 милијарда 654 милиони долари, САД со 1 милијарда 182 милиони долари и Велика Британија со 1 милијарда 33 милиони долари.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Писмо до Ердоган од познатиот француски комичар“ истакнува дека францускиот комичар Диеудон М'бала испраќајќи писмо до претседателот Реџеп Тајип Ердоган, побара политички азил. Мбала во писмото истакна дека тој 20 години бил систематски подложен на клевета, уцена и исклучување по скечот во кој беше осудена израелската колонизација на палестинската земја.



Слични вести