Турски печат 03.05.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1632611
Турски печат 03.05.2021

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Министерот Акар и командантите на границата“, информира дека министерот за национална одбрана Хулуси Акар заедно со началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер и командантот на копнените сили генерал на армија Умит Дундар, вчера беше во обиколка на едната од воените бази во северниот дел на Ирак. Министерот Хулуси Акар рече: „Успешно продолжуваат прекуграничните операции „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ во северниот дел на Ирак. Влеговме во сите нивни дупки (пештери), одлучни сме и располагаме со елан за ставање крај на тероризмот. За што поскоро време ќе го воспоставиме мирот и спокојството овде.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Министерството за национална одбрана соопшти: Неутрализирани со хеликоптер Атак“, пишува дека според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, двајца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кои вчера беа установени во подрачјето на операцијата „Шепа-Гром“ (Pençe-Yıldırım) се неутрализирани со хеликоптер „Атак“. Министерството соопшти дека на тој начин бројот на неутрализираните терористи во рамките на операцијата се зголеми на 46.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Турскиот воен брод ‘ТЏГ Газиантеп’ во близина на Либија спаси од смрт 123 мигранти“, истакнува дека 123 мигранти кои упатија повик за помош во близина на Либија беа спасени со интервенцијата на воениот брод „ТЏГ Газиантеп“ на Турските вооружени сили (ТВС) и либиската крајбрежна стража.

„Турција стана адреса за одмор за украинските туристи во процесот на Ковид-19“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Сабах“, кадешто се истакнува дека туристичките постројки кои ги завршија подготовките во рамките на мерките против новиот тип коронавирус (Ковид-19) и почнаа да пружаат услуга во Мугла, ги пречекуваат туристите од Украина. Првата туристичка група од Украина составена од 350 лица кои пристигнаа во Мугла, во текот на приближно две недели својот одмор ќе го поминат во хотелите во Фетхије и во Мармарис.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Во Лисабон, од каратистите репрезентативци 9 медали од кои 3 златни“, пишува дека лисабонската етапа на Првата Премиер лига во карате која се одржува во главниот град на Португалија, Лисабон и која дава поени за квота за Олимписките игри Токио 2020, турската репрезентација во карате ја заврши со освојување на вкупно 9 медали од кои 3 златни и 6 бронзени медали.

 



Слични вести