Турски печат 29.04.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1630449
Турски печат 29.04.2021

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Акцент на Турција од Алиев“, пишува дека азербејџанскиот претседател Илхам Алиев оствари телефонски разговор со американскиот државен секретар Антони Блинкен. Претседателот Алиев во телефонскиот разговор, осврнувајќи се на изјавата на американскиот претседател Џо Бајден кој настаните од 1915 година ги нарече „геноцид“, го рече следното: „Турција е близок пријател и сојузник на Азербејџан. Одигрува многу значајна и позитивна улога во нашиот регион по периодот на војната. Оваа изјава на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) е дочекана со вознемиреност од страна на управата и јавноста на Азербејџан.“

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Предлог од 6 члена од Татар за трајно решение на Кипар“, информира дека претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар, го достави до генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес предлогот составен од 6 члена за трајно решение на Кипар. Во предлогот се нагласува дека признавањето на суверената еднаквост и еднаквиот меѓународен статус коишто постојат во суштината на кипарскиот турски народ ќе го отвори патот на преговорите фокусирани на резултат кон изнаоѓање на реално и одржливо решение и со одреден временски период.

„Домашната вакцина во последната фаза пред нејзина распространета употреба“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Јени Шафак“, кадешто се истакнува дека министерот за здравство Фахреттин Коџа информираше во врска со работите коишто се водат за развивање на домашна вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19). Министерот Фахреттин Коџа истакна дека е дојдено до последната фаза во студиите на домашната вакцина и го рече следното: „Во наредните неколку денови ќе започнат подготовките на третата фаза од испитувањата. Тоа е последна фаза пред ставањето во широка употреба.“ 

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Турција фрли потпис на една новина“, истакнува дека информативниот портал со седиште во Соединетите Американски Држави (САД) „Ал Монитор“ напиша дека амфибискиот офанзивен брод на Турција „ТЏГ Анадолу“ е пренаменет во брод на наоружани беспилотни летала (СИХА) со што и е придаден нов концепт на воената сфера. Еден брод целосно се опремува со наоружани беспилотни летала и тоа се остварува за прв пат во светот. Бродот се очекува да биде ставен во функција во 2023 година.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Формула 1 се врати во Турција“, информира дека „Формула 1“ едниот од најзначајните автомобилски спортови во светот на 11, 12 и 13 јуни ќе се вози на патеката „Интерсити Истанбул парк“. Формула 1 која достигнува до милијарди гледачи и која располага со непроценлива вредност во активностите за промовирање на земјите, минатата година беше повторно вратена во нашата земја. Така Турција и оваа година ќе биде домаќин на Формула 1 и оваа автомобилска трка се следи со голема заинтересираност во целиот свет, додека пилотите и екипите говорат со пофалби за Турција.

 



Слични вести