Турски печат 27.04.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1628918
Турски печат 27.04.2021

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Одговор од претседателот Ердоган до претседателот на САД Бајден“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган коишто ги даде вчера по состанокот на претседателскиот кабинет. Претседателот Ердоган во врска со изјавата на американскиот претседател Џо Бајден кој за настаните од 1915 година го употреби изразот „геноцид“, рече дека „Тоа е неоснован и неправеден израз“. „На турскиот народ не можете да му ја залепите етикетата 'геноцид'.“ - рече претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Реакција од Фахреттин Алтун на клеветата на Бајден за геноцид: „Ја отфрлуваме оваа несреќна и недолична изјава“, информира дека шефот на одделот за комуникации на престедателството Фахреттин Алтун покажа реакција против изјавата на американскиот претседател Џо Бајден кој во врска со настаните од 1915 година го употреби изразот „геноцид“. Фахреттин Алтун во дадената изјава вчера истакна дека изјавата на Бајден е неважечка и го рече следното: „Ја отфрламе лагата на американскиот претседател Џо Бајден за наводен 'геноцид'. Ја сметаме за несреќна и недолична изјава.“

„Министерот Сојлу сподели: Запленета рачна експлозивна направа“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Хурријет“, кадешто се истакнува дека министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во споделената објава вчера на својот профил на социјалната медија, соопшти дека во рамките на операцијата „Ерен-5 Багок“ којашто е започната на 26 јануари со 2.550 припадници на безбедносните сили, во руралното подрачје Коруќој кај населеното место Нусајбин во близина на градот Мардин се запленети 50 килограми пластичен експлозив и рачна експлозивна направа готова за активирање.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Готов договорот за вакцината Спутник В. Ќе почне да се произведува во Турција“, информира дека Рускиот фонд за директни инвестирања (РДИФ) и турската фармацевтска компанија „Вискоран“ (Viscoran) постигнаа договор за производство на вакцината „Спутник В“ во Турција. Се има за цел производството да започне во наредните месеци во ист момент во неколку фабрики на компанијата.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Министерот Варанк: Зголемен процентот на капацитетот на искористување на производствената индустрија“, пишува дека министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк во објавеното соопштение вчера на својот профил на социјалната мрежа Твитер соопшти дека процентот на искористување на капацитетот на производствената индустрија во месец април во споредба со претходниот месец (март) со раст од 0,6 поени изнесува 76,2 отсто.

 



Слични вести