Турски печат 22.04.2021

Денешните турски весници опширнио пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1626270
Турски печат 22.04.2021

Весникот „Сабах“ во веста под наслов  „Благодарност од претседателот Ердоган до министерот Чавушоглу за изјавата која му на грчкиот министер Дендиас му одржи лекција“ истакнува дека претседателот на државата и лидер на Партијата за правда и развој Реџеп Тајип Ердоган, вчера, во говорот на Состанокот на пратеничката група во Собранието, направи проценка на минатонеделната посета на грчкиот министер за надворешни работи на Анкара. Претседателот Ердоган му се заблагодари на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за изјавите преку кои му одржа лекција на грчкиот министер Никос Дендиас.

Новинскиот портал „Хабер Турк“ во веста под наслов „Министерот за трговија Муш рече дека нашата единствена цел е да ја зголемиме благосостојбата на 84 милиони“ ја објавува изјавата на министерот за трговија Мехмет Муш кој рече дека ќе се обидеме да сториме сè што можеме за да се подигне нивото на извоз, економскиот раст и  просперитетот. Имаме само една цел, да ја подобриме благосостојбата на 84 милиони“.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Рекорден пораст на извозот на јагоди од 333 отсто во првиот квартал од оваа година“ истакнува дека вкупниот извоз на свежи, замрзнати или сушени јагоди на Турција кои се извезуваат во 29 земји, во првиот квартал на 2021 година покажа рекорден пораст од 333 отсто. Генерално, извозот на јагоди на Турција во првите 3 месеци од 993 илјади долари се зголеми на 4 милиони 307 илјади долари.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Дописникот на Индипендент рече дека Истанбул ќе ја преземе европската круна“ истакнува дека патничкиот дописник на Индипенднт со седиште во Лондон, Симон Калдер објави напис под наслов „Аналитичарот за авијација Хитроу ќе ја изгуби круната на Европа од Истанбул“. Во соопштението објавено од ИГА, се вели дека во написот на Калдер беше истакнато дека „Додека меѓународните центри за трансфер не се опорават по пандемијата Ковид-19, мега аеродромот во Истанбул се чини дека е прифатен како најпрометен во Европа“.

Весникот „Јени шафак“ во веста под наслов „YouTube Kids активиран во Турција“ истакнува дека „YouTube“ активираше

 низа апликации во светот, а меѓу нив е и апликацијата YouTube Kids која ја активираше и во Турција. Во услугата, каде што се филтрираат содржини специфични за деца, може да се користат и различни филтри специфични за возрасниот опсег.



Слични вести